Достапни линкови

Голем напредок во рекламирањето низ Македонија


Почнав да ја рекламирам мојата компанија со цел да се зголеми бројот на потрошувачите, а воедно и да им пренесам информацијата со што се заниваме и што нудиме, вели еден бизнисмен од Скопје. До пред некое време кај нас тренд беше да се рекламираат само големите фирми и звучните имиња, но на овој начин во последниве години почнаа да размислуваат и сопствениците на помалите компании. Сопственикот на фирмата вели дека ги почувствувал резултатите од рекламата:

„Секогаш после реклама има ефект, можеби не веднаш, но ефектот се враќа.“

И Зоран Бојаровски дел од тимот кој го организира изборот на реклама на годината во магазинот „Форум“ смета дека помалите фирми полека сакаат што значи добра маркетинг кампања. Тој објаснува дека за да една реклама се сметаа успешна треба да успее да го продаде производот, да поттикне некоја други поинакви идеи, но и да ги смени навиките на потрошувачите.

„Агенциите во Македонија добро си ја вршат работата. Ова е млада индустрија во Република Македонија. Но, во последно време се појавија повеќе агенции коишто добро си ја вршат работата,“

Од маркетинг агенциите објаснуваат дека за изработка на добра рекламна капања се потребни повеке претходни подготовки

„Зависи од кампањата, каква треба да биде. Рејтинзите се споредуваат,“

вели Александар Поповски

И оние за кои е наменет маркетингот потрошувачите имаат свои омилени реклами но велат не влијаат врз нивното решение кој производ ќе го купат. Најлесен и најевтин начин за фирмите кои сакаат да пренесат информација до луѓето се летоците во поштенските санадчиња, а најскапи се пак се спотовите на телевезија објаснуваат од маркетинг агенциите.
XS
SM
MD
LG