Достапни линкови

Грчките власти без прецизни информации околу причината за несреќата


Грчките власти сеуште без без прецизни информации околу причината за авионската несреќа која се случи денеска во близина на Атина во која животот го загубија 115 патници и 6 члениот екипаж на кипарската авиокомпаниа Хелиос ерлајнс. Има контратикторни информации и големи нејаснотиие што ја предизвика авионската несреќа. Според некои авионот бил киднапиран, според други снемало кислород во авионот , па дури и не се исклучува можноста грчките воени авиони да го срушиле поради опасност од терористички напад.

Еден патнин на авионот преку СМС порака ја најавил својата смрт и падот на кипарскиот патнички авион во близина на Атина. Гледам дека пилотот помодре . Сите ние се смрзнуваме, ќе паднеме, гласи СМС поракат која ја примил еден роднина на загинатиот патник, која и официјално ја потврди и Министерството за Внатрешни Работи на Кипар.

Инаку Патнички авион од типот Боинг 737 на кипарската компанијата Хелиос ерлајнс со 121 патник и членови на екипажот денеска напладне се урна во месноста Маратон во Грција. Сите луѓе во авионот кој падна точно во 12 часот и 20 минути на 60 километри северно од Атина се државјани на Кипарската република, јавија грчките гласила. Офицјални преставници на грчкото министерство за Одбрана за државната телевизија НЕТ изјавиле дека во кипарскиот авион кој се сруши во близина на Атина пред падот немало знакови дека некој од патниците е жив. Инаку Според очевидци авионот неконтролирано со голема брзина удрил на земја, се распаднал и се запалил, никој не ја преживеа несреќата. Авионот летал на чартер линија Ларнака-Атина-Прага. Воздухопловот најверојатно се урнал поради киднапирање, јавија дел од грчките гласила, повикувајќи се на извори во министерството за одбрана на Грција. Пред уривањето патничкиот авион бил следен од два грчки борбени авиони од типот Ф-16, бидејќи ја менувал насоката и немал врска со контролата на летањето на атинскиот аеродром. Екипажот на воениот авион видел како еден од пилотите лежи над седиштето, додека вториот пиолот не бил таму, јавиа грчките медиуми.

Според нив пред падот на авионот во Грција бил активиран олимпискиот план за вакви ситуации кој бил подготвен за минатогодишните олимписки игри. Тој план предвидувал рушење на авионите кои летаат надвор од контрола во регионот на Атина, но засега нема потврда дали таквата мерка била применета и во овој случај. Спасувачките екипи ги лоцирале двете црни кутии, кои можеби ќе ја откријат причината за авионската несреќа. Инаку грчкиот премиер Костас Караманлис и останатите министри го прекина одморот и итно се вратија во Атина.
XS
SM
MD
LG