Обврските од рамковниот договор, посебно во делот на усвојување на законите се речиси завршени, останува нивна реализација. Но, кога се говори за овој договор неминовен е фактот дека партиите водени од дневната политика во делот на некои прашања го толкуваат различно:
„Она што мислам дека не е реализирано и многу тешко ќе се реализира е тоа што го срушивме етноцентризмот, но не воспоставивме механизми за изградба на нација во современа смисла на зборот, на заедница на граѓани на Република Македонија. За жал тука, дури мислам дека имаме и негативни тенденции, дека процесот на сегрегација по етничка линија е зголемен после Охридскиот договор. Јас немам статистики, но фактот дека имаме федерација на фармери Македонци и федерација на фармери Албанци, здружение на стоматолози Македонци и здружение на писатели Албанци мислам дека е сегрегација, којашто заедно со сегрегацијата во високото образование којашто беше кршење на духот на Рамковниот договор ќе предизвикува сериозни последици по стабилноста на Република Македонија, што значи не чека уште подолг пат за да создадеме заедница на граѓани.“
вели професор Јован Донев од Институтот „Евробалкан“. Според професорот Назми Малиќи од Штуловиот универзитет охридскиот договор е заедничка вредност, го прифакаат вели и Македонците и Алабнците, останува практичната примена:
„Од процесот во којшто Македонија треба да се движи кон демократско општество, треба да се работи, треба да се оди понатаму и да се градад демократски и економски односи.“
За Марјан Ѓорчев кој учествуваше во преговорите тогаш како претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Охридскиот договор во тој момент несомнено бил политичка разрешница на конфликтот:
„Оттука натаму почнува една неприродна тенденција за биполаризација на македонското општество на македонско и албанско. Тој требаше да определи поголеми слободи и права на индивидуален план, но се претвори во борба на колективни човекови права. “
Абдулади Вејсели, лидер на ПДП исто така учесник во преговорите укажува дека рамковниот договор често различно се толкува:
„Има неколку примери, како на пример законот за употреба на знамињата, каде што не се почитува Уставот, туку има договор на коалиционите партнери во владата за донесување закон.“
Четири години по потпишувањето на охридскиот договор се оценува дека е рано да се отвори прашањето - што се случуваше во 2001:
„Проблемот на утврдувањето на тоа што навистина се случи во 2001 година е прашање што си бара временска дистанца. Потребни се архиви, како странски за да се утврди што се случило. Потребно е од дистанца да се интервјуираат учесниците од сите страни за добивање комплетна слика. Тоа е едно прашање, по кое, сакале, не сакале, историјата ќе даде одговор. Она што во моментов загрижува се моментите на одбележување на настаните од 2001 година. Од една страна од македонските Албанци имаме изградба на споменици, држење на масовни прослави и истото го имаме кај Македонците.“
„Ако сега чепкаме по сеуште отворени рани, пред да се затворат ќе создадеме еден психолошки, па и социолошки проблем во општеството,“
изјавија Донев и Горчев. Македонските Албанци пак не говорат многу за ова, велат за тоа е потребно да се има висок степен на толеранција
„Нашите лидери треба да ги следат искуствата од Европа. Треба да се работи на толеранција и разбирање,“
смета Малиќи.