Достапни линкови

Беспарица, бесперспективност и подложност на пороци


Наркоманијата, алкохолизмот, и невработеноста се најчестите проблеми со кои младите денеска се соочуваат. Посегнуваат по разни пороци затоа што тука немаат никаква иднина. Вака размислуваат младите кои потенцираат дека во оваа држава никој не се грижи за нивните проблеми.

„Има проблеми, нема иднина.“
„Нема пари.“
„Нема перспектива.“
„Дрога алкохол ги навлекува младите.“


Проблемите на младите се повеќекратни и тие можат да се поделат во две групи: социо- економски и псилолошки објаснува психологот Милка Ололовска. Според неа посегнувањето по дрога или некој друг порок е поттикнато тогаш кога потребите на младиот човек да се пронајде себеси не соодветствуваат со реалните можности.

„Избор на професија, на занимање, потоа факултет, успех во студирањето, во смисол на стриктно определени рокови. Потоа, тука е проблемот на вработување, кога можностите за вработување во реалноста се минимални,“

објаснува Ололовска

Родителите се загрижени за проблемите со кои се соочуваат нивните деца. Една наша соговорничка вели дека иднината на своите ќерки ја гледа надвор од државата.

„Нема овде перспектива, како да оди надвор.“

И младите во соседните земји се соочуваат со истите проблеми и се пострашно е за генерациите кои доаѓаат, вели една наша соговорничка која живее во Сараево.

„Нема вработување, мито и корупција. Ако имаш пари И врски можеш да се вработиш. Најголем проблем е невработеноста. Има многу дрога И тоа е проблем, а се повеќе се говори и за трговија со жени.“

Психолозите велат дека овие проблеми бараат поширока општестевена активност, која не треба да се сведе само на забрани околу работното време на кафулињата, тука и на воведување на воспитна функција во образовниот систем.
XS
SM
MD
LG