Најврвната здравствена установа во земјава, скопскиот клинички центар се обидува да биде во тек со современите здравствени стандарди од една страна, а од друга, да излезе од проблемите со кои се соочува – стара и дотрајана медицинска опрема и апаратура, но и клиники со потстандардни услови, особено оние дотраените изградени уште пред 50-тина години. Директорот на Клиничкиот центар Андреја Арсовски, признава дека ова е суштинско прашање за опстанокот на оваа институција:
„Тој инфраструктурен дел, делумно е во навистина лоша состојба. За реновирање и поправање на сите тие инфраструктурни слаби точки во Клиничкиот центар се потребни навистина големи средства, коишто за жал, ние, како инвестиционен фонд во моментов ги немаме. Се прават напори да се одржува опремата. Се работи домаќински со нејзе, но забот на времето секако си го чини своето.“
Се работи вели Арсовски за милионски суми евра, како за санација и реновирање на клиниките, така и за осовременување на опремата:
„Минимална инвестиција е барем неколку милиони евра. Но, тоа е нереално во моментов. Клиничкиот центар има огромен број дејности и нема дејност каде што одреден дел од опремата не е приоритетен. Исто така, за некое нормално функционирање, секако дека сумите се милионски, во евра зборувам, за да можеме да го фатиме тој некој приклучок кон нешто што е современа и развиена медицина. Се обидуваме по пат на донации и спонзорства да го фатиме тој чекор, но без некој посериозен инвестиционен зафат, тоа ќе оди многу тешко.“
Состојбата во која се наоѓа државната болница се одразува и на квалитетот на услугите, на што реагираат токму самите пациенти:
„Нема ниту тоалетна хартија, ниту ништо.“
„Новите клиники се добро опремени, а старите треба да се доопремат.“
„Добро изгледаат ако се понови, но има клиники кои не личат на клиника градска, а да не зборуваме за европска.“
Арсовски верува дека сликата за клиниката ќе се подобри со најновите владини мерки за подобрување на состојбите во македонското здравство:
„Кога ќе се ефектуираат тие, при распределбата на средствата што ќе дојдат, клиничкиот центар ќе го има водечкото место.“
Веќе 15-тина години се зборува за реформирање на македонското здравство, но сите досегашни најави завршуваа само со декларативни заложби од кои изостанаа и конкретните мерки, но и видливите ефекти.