Незадоволни од лошата економска ситуација во земјава, дел од синдикалните членки најавуваат жешка есен и бран протести како предупредување до Владата. По синдикатот на образванието, деновиве штрајк најавија здравствените работници, а револтот кулминира и меѓу земјоделците. Серијата недоволно испланирани реформи кои траат со години, што се одрази на неквалитетното работење на дел од институциите, како и голем број отпуштени работници и ниските плати, се дел од причините за протестите кои за септември ги најавува Синдикатот на здравствените работници. Др Васил Радевски заменик претседател на Синдикатот за здравство, фармација, и социјална заштита вели:
„Искуствата од приватизацијата на стоматологијата и аптеките од јавниот сектор не учат дека се лоши. И затоа бараме зголемување на најниската плата во здравството која сега е некаде околу 3 400 денари. Тоа ќе биде една од причините и основните барања за влегување во штрајки.“
Освен здравствените работници, бурен септември најавуваат и земјоделците. Во сезоната на отукуп на пченицата, домашните производители се незадоволни од лошото работење на Владата и ниската цена која им се нуди за отукуп на нивниот произвд. Во знак на револт Сојузот на земјоделци за наредниот месец најавува блокади на граничните премини.
„Годинава господ ни даде добро зрно и добар род на пченицата, мегутоа заради сеуште неутврдената откупна цена од страна на Владата и од страна на мелничките компании кои што на пазарот се јавуваат како монополи досега се откупени само пет илјади вагони пченица. Затоа ќе ги блокираме граничните премини кон Србија и Црна Гора и Бугарија се со цел да дојдеме до некоја земјоделска правда.“
потенцира лидерот на земјоделците Вељо Тантаров, кој вели дека освен овој во земјоделието со години постојат наталожени проблеми. А во изминативе години како резултат на лошата економија во земјава, речиси и да нема граганин кој останал непогоден. Секој има своја приказна за тоа какви проблеми во семејството им донела транзицијата и реформите.
„Најважни се платите, а тие се ниски. Исто така голем проблем е невработеноста на младите. Еве јас два сина имам и двајцата не се вработени.“
„Одевме на работа, ама еве пак не испуштија. Работев во Железара. Лоша е ситуацијата.“
„Владата нема уши да слуша, тоа да го пуштиш, дека реков дека нема уши,“
изјавуваат граѓаните.