Достапни линкови

Сојузничките сили имаат докази дека Иран испраќа оружје во Ирак


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд деновиве изјави дека сојузничките сили имале јасен доказ дека оружје и бомби се испраќале од Иран за Ирак. Притоа тој не прецизира дали во ваквите оружени пратки директно била вклучена и иранската влада. Обвинувањата дојдоа и покрај најновиот напредок во односите меѓу Техеран и Багдад и подготвеноста на Иран да гради нов аеродром во Ирак и да ги обучува ирачките сили.

Вашингтон ги зачести обвинувањата дека оружје од Иран е вклучено во конфликтот во Ирак.

„Вистина е дека оружје, без поговор од Иран, е најдено во Ирак.“

Ова го рече американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, сугерирајќи дека иранската влада, ако ништо друго, ја сноси договорноста поради тоа што не успева да го стопира таквиот граничен транспорт.

„Тоа е голема граница и иранците дозволуваат минување на оружје од таков тип.“

изјави Рамсфелд, неколку дена откако американските разузнавачки служби соопштија дека голема пратка на фабричко изработени бомби била откриена на границата меѓу Иран и Ирак. Весникот Њу јорк Тајмс прецизира дека станувало збор за бомби кои биле дизајнирани да уништуваат оклопни возила, слични на оние што ги има американската војска во Ирак. Ова го натера американскиот амбасадор во Ирак Зелмај Кализад да изјави дека Иран презема акции за влошување на ирачката безбедност. ,,Иран истовремено оди по два спротивни правца. Ем соработува со новиот Ирак, ем на неговите граници пренесува луѓе и оружје за напади во Ирак,, вели Кализад. Аналитичарот од Лондон Џонатан Лидли смета дека не е јасно кој во Иран би можело да стои зад ваквите активности.

„Иран тежнее да има повеќеслојна административна структура и ваквите прашања на транснационална поддтршка за шиитските групи е секогаш поврзана со иранската револуционерна гарда, или Паздаран.“

Станува збор за огранок на иранските вооружени сили кој од страна на Вашингтон е обвинуван дека има тесни врски со Либанскиот Хезболах. Линдли додава дека иранските цели во Ирак е да ги натераат американците да ја напуштат земјата, а притоа да го одбегне ризикот да завојува со Соединетите Држави.

„Сосема е веројатно дека во иранската влада има различни стратегии во врска со Ирак. Сепак, заедничка им е желбата да го одбегнат конфликтот со Соединетите Држави, но и да осигурат владата што ќе остане во Багдад да биде онаа што ќе ја држи проиранската страна.“

Вели Линдли.
XS
SM
MD
LG