Достапни линкови

Експертите сметаат дека порастот е незадоволителен


И покрај остварениот раст во економијата кој според последната информација на Владата изнесува 2, 7% што претставува 0,3 посто отстапување во однос на предвидените 3%, порастот е далеку од задоволителен И трендот не е нагорен, вели економскиот експерт од Светската Банка Борко Ханџиски, коментирајки ги постигнувањата во македонската економија во првото шестмесечие:

„Имаме пораст, но трндот не е нагорен. Во 2004 година порастот изнесуваше 2,9 насто, во 2003 2,8, така што гледаме константна стапка на раст која е незадоволителна во однос на тоа што сакаме да го постигнеме како земја.“

Според Владата позитивниот тренд во економијата во земјава се должИ на растот во индустриското производство, поради како што велат оттаму рестартирањето на дел од капацитетите во челичната индустрија. Но, според експертите прикажаниот раст во индустријата сеуште нема влијание врз нејзиниот континуиран пад од изминативе години што е причина ефектите сеуште да не можат да се почувствуваат мегу граганите.

„Резултатот на тоа е континуираниот пад на индустриското производство. Во Република Македонија најголем дел од граѓаните се вработени во индустријата и треба да помине година или две на раст на индустриското производство, за граѓаните да го почуствуваат порастот,“

потенцира Мишо Николов од Центарот за економски анализи.

Владата во своето последно соопштение информира и дека освен во индустријата е забележан раст во секторот трговија на големо и мало, секторот сообракај, транспорт и комуникации како и земјоделието. Целта на македонскта влада е до крајот на годинава да оствари пораст во економијата од 3,8% но тоа е сепак пренизок таргет за да не може да се оствари И за да се почувстуват било какви позитивни ефекти, додава пак експертот Ханџиски.

„За годинава се проектира 3,7 насто, а за наредните две до три години да стигне до 4,5. Овие проектирани стапки на раст не се преоптимистички, остварливи се, но потребен е поголем раст за да ги достигнеме другите економии,“

заклучува Ханџиски.
XS
SM
MD
LG