Достапни линкови

Нема поголема безбедност без координација меѓу надлежните служби


За да се избегнат инциденти за време на избори, случаи како на пример Кондово неопходно е воспоставување на законски концепт за формирање на заедница на безбедносните институции. Неодамна промовираниот концепт за воено разузнавање и контраразузнавање е само еден дел, бидејки во Македонија од нејзиното осамостојување недостасува координација меѓу надлежните служби, велат познавачите на оваа област. Владо Поповски поранешен директор на агенцијата за разузнавање посочува еден пример:

„Поради некоординацијата и конкуренцијата меѓу МВР и агенцијата за разузнавање, беше утврдена една поголема вооружена група, униформирана, којашто слезе во долината на Треска. Сега таму е Козјак. И од агенцијата беше испратена информација до претседателот, кој се вознемири од таа информација. А, такви групи имаше на многу места во 2001 година. Претседателот го повика премиерот и министрите. Знаете што беше одговорот? Дека тоа биле ловџии и дека оперативците од агенцијата за разузнавање се излажале и второто кога беше утврдено дека не постојат ловџии тогаш беше кажано дека питомците на академијата имале вежба. И едното и другото беше манипулација.“

Како причини за пропустите кои се прават, како и за кризата во 2001, се наведува недоволната аналитичка функција на министерството за надворешни работи, собирањето на податоци и нивна анализа, велат тоа се сведува на десеттина лица од агенцијата што се испраќаат во дипломатските претставништва, законот за отварање на досиејата што доведе до фактот македонската страна да нема лица од албанскиот блок што ќе соработуваат со надлежните институции. На можните инциденти предупредуваат и странските разузнавачки служби, бидејќи големите држави имаат интерес да следат што се случува надвор од нивните граници и да ја формираат својата политика:

„Во таа смисла постои соработка меѓу разузнавачките служби на пријателските држави, со разузнавачките служби на Република Македонија и можност да дојде до размена на информации во областа на заедничките интереси и тоа се прави,“

изјави Поповски. Лугето кои работат на безбедносни прашања сметаат дека првичи резултати можат да се очекуваат кон средината на наредната година кога ке се комплетираат телата предвидени со законот за управување на кризи.
XS
SM
MD
LG