Четири години од воениот конфликт, државата сеуште не го реши во статусот на семејствата на загинатите бранители, ова е револтот со кој во изминативе години по завршувањето на конфликтот од 2001-та живеат роднините чии најблиски ги загубија животите. Македонија денеска се секава на 10-те загинати воени резервисти од Прилеп на Карпалак. Семествата на загинатите бранители добиваат месечен надомест од 11 илјади денари. Освен ова бараат оштета и ја потестуваат државата за нерелизираните ветувања мегу кое и она дека на Карпалак ке биде изграден споменик за паднатите херои. Освен семејствата на загинатите, решавање на статусот од страна на државата бараат и сеуште очекуваат и преживеаните бранители. Во меѓувреме живеат со траумите и многу неодговорени прашања за настаните од конфликотот:
„Ние не ја знаеме причината, но знаеме дека конвојот што тргна од Прилеп беше пуштен без обезбедување,“
се потсетува Томе Цветаноски од здружението на резервисти на Карпалак. Околу 100 тина преживеани резервисти четири години чекаат на завршување на судскиот спор и добивање на оштета од 3 500 евра.
„Што се однесува до преживеаните сеуште се води фамозен судски процес и сеуште не гледаме завршница. Ние формиравме здружение и максимално ќе го тераме до крај за се да излезе на виделина,“
потенцира пак Ацо Јовановски исто така еден од преживеаните од Капралак. За него животот веке никогаш нема да биде ист.
„Грозоморно. Животот по Карпалак, можете само да замислите како е да се живее.“
Ова се причините за нивниот револт кон државата и неисполнување на дел од обврските и покрај донесениот закон во собранието за правата на припадниците на безбедносните сили.
„За нас ништо не направи државата, апсолутно ништо. Ние дадовме жртви, но државата за нас ништо,“
заклучува Цветановски. Во воениот конфликт во земјава од 2001-та загинаа околу сто полицајци и војници.