Достапни линкови

Сиромаштија и снаоѓање за преживување


Ромите во Македонија ги мачи сиромаштијата, ниското образование и немањето пристојни домови. 15 насто од ромското население во земјава живее само од социјална помош. Шуто Оризари е единствена ромска општина во Европа. Еве како живеат Ромите во овој дел од градот:

„Не знам да читам ништо.“
„Само маж ми работи, оди по канти собира и тоа, а имам две деца.“
„Што ќе најдеме по контејнери, продаваме и преживуваме.“


Рамадан Пили од хуманитарното здружение „Месечина“ од Гостивар вели дека државата малку направила за Ромите во Македонија:

„Не сме задоволни. Недостасува координација меѓу невладиниот сектор со политичкиот блок.“

2005 – 2010 е прогласена за декада на Ромите во Македонија, со директна помош и активности вклучени се и министерството за образование и за труд и социјала. Македонија во следните десет години ќе направи напор за подобар статус на Ромите:

„Ќе направиме акционен план за вклучување на Ромите во општеството,“

вели Тале Герамитчиевски од министерството за образование.

Ромската популација е жртва и на семејното насилство, а причини, според истражувањата се љубомората, алкохолот и финансиите, вели професор Љубица Конева:

„Уште постои традиција можеби во помал број во споредба со порано на купување на жените и посредување.“

Донаторите се оптимисти дека десет годишните проекти ќе им го подобрат животот на Ромите во Македонија.
XS
SM
MD
LG