На третиот кат во зградата именува како ученички дом Здравко Цветковски во Скопје живеат 120 луѓе. Дел од нив средношколци, а другиот дел раселени лица од Арачиново, кои после воениот конфликт од 2001 година не се вратија во своите куки. Таму живеат и 62 годишната Фромка но и мали деца кои првите чекори ги прават во домот. Заедно се веке 4 години.
,,Како во затвор сме, нема каде да излезеш, една соба, валкано. Тука е се и перено и неперено,”
објаснува Фромка
Четиричленото семејство Јовановски пак живее во соба од 15 метри квадратни.Децата веке ми се големи, едното е четврата година, а другото втора година на факултет вели Струмка.
,,Нема купатило, нема чешма, има еден туш и го делиме со 20 соби. Го делиме со средношколците тука и со другите луѓе. Чекаме ред за во ВЦ, чекаме ред за миење, чекаме ред за перење, бањање, се е на ред.”
Нејзината керка 20 годишната Софија е студент на економскиот факултет и вели дека и за неа условите во домот се многу тешки
,,Сестра ми стигна до четврта. Јас тапкам во место. Тука некој сака да одмори, некој да учи, некој си муабети, па тоа не е возможно.”
Излезот тие го бараат во обештувањето кое треба да им го плати државата. Арачиновци велат не го прифатиле она што им го нуделе досега, да им реновираат само 50 квадратни метри од куките.
,,Куќата ми беше 560 квадрати. Не се сложивме со тоа, бараме да ни се обнови тоа што е срушено. Кој тоа го сторил, нека открие државата. Таа мора да не обештети. Контактираме веќе и со Стразбир.”
Надлежен за нивниот проблем е заменик министерот за труд и социјала Самка Ибраимовски. Тој вели дека најголем број од раселените се вратиле освен од Арачиново и мал дел од Матејче:
,,Понудуваме трикратен договор за реконструкција на тие објекти, дел од оние што прифатија се вратија, а дел од оние што не прифатија пак ќе им го понудиме. Еднаш засекогаш треба да го решиме проблемот, односно куќите да се реконструираат и да се вратат во домовите каде што треба,”
објаснува Ибраимовски и додава дека дека владата на лицата кои се раселени им нуди и можност да изнајмат стан под кирија а тие ќе им плакаат надомест во висина од 4,600 денари.