Достапни линкови

Да нема мешање на црковните со државните работи


Генерално односите меѓу Македонија и Србија и Црна Гора се добри и не смее да се дозволи одредени кругови во соседна Србија да ги експлоатираат релациите меѓу црквите на двете држави, во корист на некоја дневно политичка потреба или пак тоа да го наметнуваат во билатералните односи. Ова е реакцијата на македонското министерство за надворешни работи по интензивните случувања деновиве што јавноста ги толкува како заострување на односите меѓу двете земји, за што повод беше апсењето на Јован Вранишковски, случај што се поврзува и со неиспраќањето на македонска делегација во манастирот Прохор Пчински по повод одбележувањето на АСНОМ.

,,Одржувањето на степенот на пријателство и соработка ќе биде принцип што и понатаму ќе го застапува министерството. Притоа треба да се почитуваат придобивките од досега постигнатиот европски дух во релациите меѓу земјите во овој регион, а таа соработка и натаму треба да се развива, со истовремено почитување на меѓународните документи кои ги имаме заеднички потпишано."

потенцира Душко Узуновски портпарол на МНР.

Настаните на релација Македонија Србија И Црна Гора се интензивираа и со одлуката на српското министерство за капитални инвестиции, за приземјување на два авиона на МАТ изнајмени од српската авиокомпанија ЈАТ. Причината се неисплатените долгови на МАТ, но одлуката како што се и официјалните изјави од Белград, ја забрзало апсењето на Вранишковски. Во најновите случувања меѓу двете земји е и поканата за средба, на српскиот министер за вера, Милош Радуловиќ упатена до претседателот за односи со верските заедници Цане Мојановски, во која тој го повикува да се сретнат за ,,изнаоѓање решение за случајот со Јован Вранишковски"
.
Коментирајќи ги изјавите кои доаѓаат од српска страна домашните експерти исто така укажуваат дека настрана ,,грешките,, од македонските власти, посебно околу причината за апсењето на Вранишковски, Србија не би требала односите меѓу црквите да ги поврзува со политиката.

,,Очигледно е дека станува збор, кога говориме за српската страна, за соработка или заедничко координирање помеѓу државата од една страна И црквата од друга страна, со што се нарушува принципот на секуларност."

Изјавува професорот Љубомир Цуцуловски, кој додава дека во овој момент најнепосакувано би било продалбочување на односите од српска страна кон Македонија

,,Во ваква ситуација не им одговара продлабочување на кризата бидејќи тие имаат нагласени внатрешни проблеми и токму затоа не верувам дека Србија има сосема искрени желби да ги поремети односите со својот сосед."

Додава Цуцуловски.
XS
SM
MD
LG