Достапни линкови

Народни собири во Пелинце и Мечкин Камен


Македонија ја прославува 102-та годишнина од Илинденското востание и 60 и првата годишнина од првото заседаните на АСНОМ, два празника значајни за самостојноста на државата. Под мотото десет дена крушевска република денеска започна централната прослава и народниот собир за прославата на 102та годишнина од илинденското востание, на Мечкин Камен во Крушево градот кој беше средиште на востанието кое резултираше со краткотрајна но славна Круешевска република. Низ предизвиците по кои денеска минува Македонија, овој значен настан се посочува како темелник на денешната независна држава. По тој повод, на Мечкин Камен од пред спомен обележјето на паднатите херои од илинденското востание претеседателот на Собранието Љупчо Јордановски порача:

,,На денешен ден пред 102 години се случи Илинденското востание, како уште еден од многуте обиди на македонскиот народ да ја оствари својата исконска желба за слобода и сопствена држава,”

рече Јордановски и додаде:

,,Почитувани граѓани на Република Македонија, денес пред нас стојат други предизвици. Денес светот не е ист како пред сто и повеќе години. Тој се менува. Но, тоа не значи дека ние треба да престанеме да работиме и да се стремиме кон изградба на подобра, попросперитетна и почитувана држава во рамките на меѓународната заедница."

Инаку, во истовреме денеска и во меморијалниот центар на Пелнице со пригоден собир за граѓаните, разни свечености и манифестации стартуваше прославата на 61 годишнина од првото заседание на АСНОМ, денот на кој беа ,,удрени” темелите на современа Македонија. Премиерот Бучковски, навраќајќи се на предизвиците низ денеска минува Македонија, на присутните им се обрати:

„Да и покажеме на Европа дека демократијата се основите по кои живееме и работиме. Историската шанса која како што им беше дадена на илинденците и асномците, сега не смееме да ја испуштиме. Периодот во кој си ја трошевме енергијата во сферата на меѓуетничкото надмудрување се покажа како штетен. Токму затоа, ние веќе трасираме нова политичка и економска филозофија, која неминовно дава резултати.“

Празничното расположение е повеќе од забележливо во главниот град на државата. Преполните излетнички места го испразнија Скопје, кој денеска ,,тоне во тишина”. Оние малку граѓани што ги сретнавме по испразнетите скопски улици велат имале повеќе причини празникот да го прослават дома.

,,Па, ние сме пензионери каде ќе одиме, дома ни е најубаво.”
,,Зошто на работа бев, немав време да одам некаде, а требаат и пари.”
,,Заради топлото останувам дома.”


Причината дека се останува дома не го намалува празничното расположение па во таа насока еден скопјанец порачува.

,,Треба да има единство, разбирање и секогаш во мир да се слави.”
XS
SM
MD
LG