Достапни линкови

Како да се редуцира исламскиот радикализам во Европа?


Додека истрагите во врска со терористичките напади во Лондон продолжуваат и безбедносните служби работат на проблемот како физички да спречат идни напади, проблемот има и друга димензија односно прашање. Како да се редуцира исламскиот радикализам во Европа?

Еден од нај изненадувачките аспекти во бранот напади во Лондон е тоа што бомбашите се млади луѓе без досие на муслимански радикали. Сепак тие беа способни, со ограничен тренинг да убијат 56 лица во Лондон на 7 јули и да ранат уште 700 други. Вториот напад бна 21 јули не успеа само зато што експлозивот не беше детониран што укажува на аматерство. Затоа се поставува прашањето како граѓани, млади луѓе се идоктринирани како бомбаши самоубијци во првиот случај. Имено Валтер Пош аналитичар на Европскиот Институт за безбедност во Париз вели дека терористичките организации како Ал Каеда не ги регрутираат очигледните радикални муслимани туку пред се неприметните луѓе.

,,Радикалната сцена генерално е под тежок надзор во европските земји, иако е истовремено тешко да се види кој оперира зад контролираната сцена."

Пош вели дека истражувањата укажуваат оти Ал Каеда регрутира од круговите на нормални граѓани со постојан престој кои не привлекуваат внимание со радикални исламски ставови. поради што е тешко да се откријат. Затоа Пош вели дека акциите за отсранување на радикалните елементи во европските земји можеби ќе го редуцираат радикализмот но нема да ги неутрализираат тивките радикали. Според Пош потребна е подлабока перспектива. Муслиманите од третата генерација во Европа можеби го имаат изгубено оригиналниот контекст на верата кој се создава и со кризата меѓу генерациите. Затоа е потребно да примат религиозно учење пригодно за ситуацијата како членови на заедницата во која бараат пат и сојузничка атмосфера.

,,Учителите и структурите кои доаѓаат однадвор немаат сензибилитет и разбирање за културните и политичките потреби на муслиманките општества во Европа. Така долгорочно е потребна муслиманска едукација во Европа од муслимани кои се чувствуваат европејци."

вели аналитичарот на Европскиот Институт за безбедност во Париз Валтер Пош.
XS
SM
MD
LG