Достапни линкови

Опозицијата тврди – владата работи кампањски


Во парламентот необично интензивно лето со испомешан редослед на седниците на кои се носат низа закони меѓу кои за буџетот, за радиодифузната дејност, за пратениците. На дневен ред пред нардните избарници се и уствните измени. Прашање е колку се има увид во решенијата што се носат или понекогаш се притиска собраниското копче технички. Пратениците од опозицијата велат, проблем не претствуваа наметнатото темпо туку тоа што владата, според нив, работи кампањски. Стојан Андов од ЛП вели:

„Многу интензивно лето, испомешан е редоследот на седниците. Ако може така редовно да работиме, тоа ќе биде најдобро така, но владата само нешто брза, и дава или во скратена или по итна постапка. Ретко е кога имаме нормална процедура во Собранието и оттаму се натрпуваат многу работи наеднаш и тешко се постигнува квалитет што се очекува и што е потребен.“

Ѓорѓи Оровчанец од ВМРО Народна вели се слу;уваат пропусти во законите кои тие ги воо;уваат, но мнозинството ги изгаласува:

„Некои работи владата ги работи кампањски и сака побрзо да се завршат работите. Во законот за радио дифузија во прва фаза имам премногу замерки и практично треба да направат нов закон, но ете, оди прва фаза како иницијатива дека е потребен законот.“

Во пратеничките групи од партите во валсата велат дека дека и покрај интензивното темпо претниците имаат претходен период од најмлку 10 дена во кои моЃе да го погледаат секој еден закон одделно Што заедно со рабоатата во комисиските расправи претствува гарнција дека законите Што се ноасат треба да бидата квлитетно арзгледани . Нелко Стојансовски вели:

„Законите ни се доставуваат на време и ние имаме време да ги разгледаме.“

Сепак набиеното темпо на работа во парламентот не секогаш претствува гаранција за ефикасност. Пртеникот на ПДП Исмет Рамадани има забелешка дека се губи многу време речиси цел ден на два амндмана:

„Премногу се дебатира за амандманите. Понекогаш за два амандмани поминува цела седница“
XS
SM
MD
LG