Достапни линкови

Совети од домашни и странски експерти на патот кон НАТО


Со цел побрзо остварување на европските и стандардите на НАТО алијансата, државните институции неколку години користат усуги и од надворешни експерти и консулатантски куки. Во министерството за одбрана тие се користат речиси две години.

„Од големо значење се советите од советодавниот тим на НАТО. Министерството ги користи услугите и неколку компании. Што се однесува до ангажирањето на домашните експерти, во Република Македонија ваков бизнис сеуште не е развиен, но Министерството за одбрана користи услуги од истакнати експерти,“

изјави Билјана Аврамоска од Министерството за одбрана која информира дека средства за овие услуги обезбедуваат државите од каде потекнуваат консултантските институции. Од ова министерство објаснуваат дека услугите од домашните институции И експерти пак се користат ад хок и за нив не се предвидени средства во буџетот, односно нема посебна ставка за што се одлучува поединечно. Од домашните консултантски куки оценуваат дека Македонија има шанси наредната година да добие покана за членство во алијансата. Според нив во областа на одбрана досега се готови речиси деведесет проценти од обврските, но додаваат дека во претстојниот период треба да се стави аццент на нивна реализација:

„Има една болест, традиционална, кога плановите се ставени на хартија, но сега што се случува со имплементацијата? Тоа трае 3-4 години. Значи, добро е, го напишавме, ама треба сега да се спроведе. Ќе мора похрабро да се влезе во имплементацијата, тоа е поважно од плановите и тоа не смее да затаи,“

вели Владо Горевски директор на АРКА консалтинг институција што нуди советодавни услуги од областа на одбрабната и безбедноста.
XS
SM
MD
LG