Достапни линкови

Колку преку други проекти може да се оствари истата цел?


Вселенската шатл програма на НАСА ќе се развива и во наредниот пет годишен период. Прашањето е колку е исплатлива и колку преку други проекти можем да се остварат истата цел како патување во вселената со човечки екипаж, мисиите на Месечината и Марс.

„Чудесно е да се гледаат како луѓе го остваруваат американскиот сон. Ние сите сонуваме да патуваме во вселената. Секое дете фантазира и затоа е чудесно кога тоа се гледа.“

вели една од многуте американки кои покрај телевизорите го гтледаа лансирањето на шатлот Дискавери дел од две децениската шатл програма. Но досега шатловите не ја напуштаа орбитата а изминаа 30 години од последната мисија на човекот на месечината. Наса планира да оди подалеку во вселената. Тоа за Радио Слободна европа го потврди Џон Логстон директор на Институтот за вселенска политика на Џорџ Вашигтон универзитетот и член на бордот за истрага на несреќата која во фебруари 2003 се случи на шатлот Колумбија кој се распадна во вселената.

„Наса сега се фокусира на плановите за враќање на Месеченината во следната деценија но исто така и на искуствата и тестирање на опремата за пат на Марс. Но Марс е во плановите за 25 години.“

Едвард Хјуџинс кој на Като Институтот ја следи вселенската технологија вели дека парите кои се трошат на шатл програмата и вселенската станица можат да бидат подобро искористени на други програми како мисија на Марс.

„Секоја година ние трошиме 7, 8 милијарди долари за шатлот или станицата, а тоа се едноставно пари кои можат дац се употребат за други нешта за да се постригне целта за вселенски патувања.“

Станува збор за приоритети, вели Хјуџинс, наведувајќи дека научниците сметаат дека за мисија на Марс би се потрошиле 20 – 30 милијарди долари што значи на Марс би се отичо два пати колку што се трошат за Меѓународната вселенска станица. Тој додава и дека приватните проекти за вселенски патувања се поефикасни од владните програми. Со него делумно се согласува Џон Логстон од Џорџ Вашингтон Универзитетот.

„Шатлот мислам дека е успех без сомнение. Во овој проект има многу нешта неспотредливи со досегашните вселенски активности. Но требаше лесно да се оперира со него, а не е така. Требаше реалативно да не биде скап а е скап. Така, сакам да речам дека неговото досие е измешано.“

Затоа вели Логстон, секоја чест на шатлот но треба да се оди натаму.
XS
SM
MD
LG