Достапни линкови

Доаѓа време на „жнеење“ на резултатите од реформите


Впечатоците кои ќе ги пренесам од Македонија на состанокот на бордот на директори на ММФ кој ќе се одржи на 31 август се позитивни. Ова е времето кога со спроведување на добра економска политика, ќе може да ги жнеете резулатите од реформите кои ги спроведувавте во претходните години - смета Јерен Кремерс извршен директор на холандската конституенаца и прерставник на Македонија во бордот на ММФ

„Верувам дека за ова има добра основа и тоа од две причини. Прво во изминатите неколку години се постигна макроеконмска стабилност, ниско ниво на дефицит и ниска инфлација, а втората причина е тоа што Македонија реструктираше, односно затвори голем дел оид загубарите и тие се тргнаа од нејзиниот пат. И од двата аспекти Македонија предничи пред многу други земји,“

објаснува Кремерс и додава дека веке се чувствуваат некои позитивни ефекти како што е малиот процент на намлување на сиромаштија, но дека во иднина треба да се посвети повеке внимание на отворањето на нови работни места. Како единствена пречка за одржувење на макроекономската стабилност тој го истакнува јавниот сектор

„Тука постојат и голем број на под теми, една од нив е управувањето и владеењето на законот и квалитетот на судските ситеми, бидејки тоа е многу важно за добра бизнис клима, затоа што компаниите ке можат да се потпираат на добри закони, а овие реформи ке се спроведуват со преземање на голем број на микроекономски мерки, како што се право на сопственост, катастар транспарентност, интегритет на службениците и цврсти антикорупциски закони,“

вели Кремерс и потенцира дека сето ова е главен фокус на аранжманот со ММФ чиј ностиел е владата, а тие се само поддржувачи.

Но, економските експерти со спротивен став. Професорот од економскиот факултет Живко Атанасовски вели дека владата всушност и не се договара за аранжамтите туку само ги прифака условите на ММФ
„Владата добро ги води преговорите со ММФ од аспект на склучување на аранжманот. Инаку, моето искуство од учеството во тие преговори покажува дека не станува збор за преговори туку за ситни усогласувања и прифаќање од македонска страна на она што бордот на директори во Вашингтон го решил.“
објаснува Атанасовски.

Тој смета дека досегашните аранжмани се неуспешни затоа што Македонија е на дното на државите по бројот на странски инвестиции и на врвот на сиромаштните земји.
XS
SM
MD
LG