Достапни линкови

Дали СПЦ се поставува над законите во Србија и Црна Гора?


Српската православна црква во минатиот месец на планината Румија во Црна Гора постави црква без претходна дозвола на надлежните органи. Затоа нејзе и е наредно да ја отстрани, но црногорско приморскиот митрополит Амфилохие одби да го изврши налогот. Дали тоа зборува дека Српската православна црква се поставува над законите?

Иако одбива да ја отстрани металната црква и се заканува оти тоа би можело да има последици по мирот во Црна Гора, Српската православна црква не порекнува дека од надлежните не добила дозвола за поставување на црквата. Адвокатот на митрополијата Млаџен Мичовиќ вели:

„Се поставува просто основното прашање дали тоа е единствениот објект во оваа држава што е граден без дозвола на властите. Црквата не е над законите, но мора да се има предвид елементарното правило и да и се дозволува на Црквата да подигнува храмови.“

Слична аргументација има и високиот функционер на Српската народна партија Будимир Алексиќ:

„Црквата на Румија е подигната на црковна земја и така треба да остане, а не да се инсистира на некое комунистичко револуционерно насилство со кое тоа земјиште беше одземено.“

Од друга страна, за претседателот на Здружението на правниците Станко Мариќ нема дилеми:

„Тоа е директен судир со правниот поредок, со вредностите кои секоја држава мора и треба да ги штити.“

Бранислав Радуловиќ од Социјалдемократската партија потсетува дека на Српската црква, откако на нејзино чело за Црна Гора се наоѓа Амфилохие, не и прв пат, да гради без дозвола. Тој додава дека за таквото однесување на Црквата е виновна и власта која заради некои политички поени тактизирала со Амфилохие.

„Штом власта и политиката прават такви компромиси, тогаш резултатите се повеќе од очигледни и не можат да се почитуваат принципите.“

Вели Радуловиќ. Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ деновиве изјави оти веќе нема да биде толерирано тоа што СПЦ ги крши законите на Црна Гора. Коментирајќи го одбивањето на Митрополијата да не ја отстрани црквата од врвот на планината Румија, Ѓукановиќ на став дека Црквата, благодарение на одредени општетствени услови си давала за право да го загрозува просторот на Црна Гора. Премиерот Ѓукановиќ и со порака до митрополитот Амфилохие дека се лаже ако мисли оти може да предизвика судири во Црна Гора.
XS
SM
MD
LG