Достапни линкови

Унијата задоволна од брзината со која владата ги спроведува реформите


Усогласувањето на македонските закони со законите на Европската Унија со интезнзивно темпо се одвива последнава година. Портпаролот на ЕУ, Андреја Анџели вели дека е задоволен од брзината со која владата ги спроведува реформите:

„Нашата позиција е јасна неопходни се реформи во судството бидејки се многу важни за вашата земја но и за процесот на приближување до Европската Унија,“

објаснува Анџели

Според програмата на владата пак во тек се измените на уставот. Министерката за правда Мери Младеновска, вели дека измените на законите се одвиваат во предвидените рокови. Досега се донесени или пак се во собраниска процедура законите за извршување на граѓански пресуди, за парнична постапка и за заштита на сведоци, законот за академија за обука на јавни обвинители.

„Но, продолжуваме со натамошни активности кои паралелно се однесуваат и на уставот и на законите, како на пример, законот за судовите. Тие закони ќе може да бидат пуштени во постапка по усвојувањето на уставните органи,“

истакнува Младеновска и додава дека обврските на министерството за правда се во сферата на изготвување на законите додека за нивното имплементирање се одговорни останатите органи од правосудната сфера:

„Вистинските реакции од овој процес ќе ги почувствуваме кога законите правилно ќе се имплементираат во пракса, па граѓаните ќе може во пракса да ги почувствуваат реформите.“

Драган Тилев од секторот за евроинтеграции на министерството за надворешни работи пак вели дека крупните закони кои се наведени во спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија се веќе усогласени:

„Тоа се закони од трговското право, јавни набавки, финансиски систем...“

Но, она што преостанува потенцира Тилев е усогласувањето на законите од сферата на земјоделието и животната средина а метеријата која што треба да се имплементира е голема. Речиси 40 проценти од вкупното европско законодовавтсво одпаѓа на делот на земјоделието.
XS
SM
MD
LG