Достапни линкови

Џихад против екстремизмот


Во Пакистан деновиве беа уапсени стотици луѓе под сомневање дека биле поврзани со лондонските терористички напади. Имено, тројца од четворицата самоубици, како што вели полицијата во Британија, биле од пакистанско потекло и некое време престојувале во Пакистан. Претседателот Первез Мушараф нападите во Лондон ги оцени како неисламски чин, обвинувајќи некои медреси, верски училишта во земјата за ширење на екстремизам.

Пакистанските власти долго време знаат дека во нивната земја има терористички организации, но најновите изјави на претседателот Первез Мушараф како да ја зголемуваат решеноста за поефиксно спарвување со нив. Мушараф деновиве побара младите пакистанци да покренат џихад против екстремизмот:

„Тероризмот, религиозниот тероризам или тероризмот во име на исламот е неисламски. Бомбашите самоубијци, како оние во Лондон, не се муслимани. Тоа ли не учи нашиот свет Куран?“

Според Мушараф, некои верски училишта или медреси се виновни заискривување на Исламот. Тоа не е ништо ново. За време на советската окупација на Авганистан во осумдесетите години од минатиот век, медресите беа одобрени од пакистанските власти. Тие беа место каде што пакистанските разузнавачки служби меѓу авганистанските бегалци регрутираа војници кои ќе се борат против советските сили. Подоцна, бегалците ги користеа медресите за преземање на валста во Авганистан. Овие ученици меѓу себе си се нарекуваа студенти, односно талибанци. Сега, аналитичарите и владите го насочија прстот кон некои медреси во Пакистан и насекаде во светот за ширење на радикализам. Особено на Западот, медресите станаа синоним за центри за регрутирање терористи. Но, студентите на џамија Бинориа Мдресата во Карачи не се согласуваат со тоа. Фаран Мугал, вели дека е растревожен од сознанието дека муслимани ги извеле нападите во Лондон во кои загинаа над пеесет луѓе.

„Како е можно човек да има срце за да убива невини луѓе. Исламот не не учи на тоа. Исламот не учи дури да ги почитуваме животните, и се што постои на светот.“

Истото го тврдат и другите ученици кои додават дека никогаш не слушнале некое предавање во кое се одобрува тероризмот.

„Најпрвин не верувам во тоа дека муслимани би можело да прават такви работи. Не знам, ако се навистина муслимани тогаш тоа е многу срамно.“

вели Абдус Самад, британски граѓанин кој учи во медресата во Карачи. Аналитичарите сметаат дека не сите медреси шират екстремизам. Но, како што рече пакистанскиот претседател Мушараф, оние што тоа го прават, се опасност и за оние првите.
XS
SM
MD
LG