Достапни линкови

Доколку сака да промовира европска политика владата треба да почне да комуницира со нас


Македонските власти донесуваат одлуки само на своја рака, без да не прашаат ништо нас младите, иако имаме што да кажеме, вели 19 годишната Лидија. Нејзината идна професионална определба не е врзана за политиката. Таа годинава се запишала на Машинскиот факултет, но вели дека ја интересира приемот на нашата земја во ЕУ и за ова прашање би сакала да разговата со надлежните:

„Со Радмила Шеќеринска, затоа што мислам дека може да и се пристапи.“

Најголем дел од младите сакаат да разговараат токму со Шеќеринска, затоа што, како што велат, мислиме дека е најотворена, но и најодговорна за нашите евроинтеграции. Но, за 22 годишниот Стефан, најголем предизвик е разговор со поранешниот претседател Киро Глигоров:

„Единствено впечаток ми има оставено Глигоров како вистински политичар, другите се бирократи, не се политичари.“

И тој смета дека владата треба да ја подобри комуникацијата со народот:

„Треба да имаме понепосреден контакт со оние коишто ние сме ги избрале и да видиме до каде се со ветувањата и да ги потсетиме за ветувањата.“

Покрај одговорите кои младите сакаат да ги побараат од македонските политичари, тие имаат многу прашања и за светските лидери:

„Џорџ Буш од светските, за целата светска политика, затоа што е највлијателен.“
„Конкретно сега е актуелен Тони Блер.“
„Хавиер Солана, како еден од најмоќните луѓе од ЕУ.“
„Баросо, затоа што е интересен политичар.“
„Од европските политичари го почитувам Ширак, затоа што ми се допаѓа неговата политика.“


Некои од нив сметаат дека доколку владата сака да води европска политика, мора да почне да комуницира со младите, по примерот на другите европски земји.
XS
SM
MD
LG