Достапни линкови

Градоначалниците се жалат, владата смета дека тоа се предизвици што ги носи процесот


На 1 јули и официјално стартуваше процесот на трансфер на надлежностите од државно на локално ниво. Но, овој симболичен старт на децентрализацијата за најголемиот дел од градоначалниците остави простор за повеќе отворени крупни прашања. Градоначалниците добија големи овластувања, но наследија и долгови и блокирани сметки. Првичните проблеми се јавија околу трансферот од ресорот транспорт и врски, што за повеќето градоначалници значеше лоша импровизација за овој сериозен процес. За скопскиот градоначалник Костовски, на пример, владата ставајќи ја основната поента за платите на ги прецизирала сите параметри, пред се во поглед на институциите од образиванието, социјалната и противпожарната заштита, како и културата:

„Да не се лажеме. Ние сме сведоци дека и во функционирањето на тие јавни установи во моментов под капата на владата има огромни проблеми со личните доходи во областа на школството. Од областа на културата, сетоа тоа, ние многу добро го разбираме.“

Нашата цел, вели Костовски, не е да правиме проблеми, туку сакаме да знаеме што точно добиваме, а додека општините не застанат на нозе, мора да ја добијат и финансиската поддршка од централната власт:

„Од тој аспект ќе бараме конкретен одговор од владата, бидејќи за жал ќе мора да откажеме да ги прифатиме под наша јурисдикција се додека не добиеме одговори. Не сакам да најавам несогласување, но заинтересиран сум да знам што ние ќе добиеме како град, какви финанциски обврски кои имотно правни односи има.“

Има приговори од страна на градоначалниците, признаваат од ресорното министерство кое го координира целиот процес. Во Македонија уште повеќе поради актуелната економска состојба, меѓутоа, вели заменик министерката Тања Алтанџиева, владата целосно ја подготви законската рамка за трансферот:

„Има реални проблеми, но тоа треба да се гледа од аспект на предизвиците што ги носи самиот процес на децентрализација, отколку на проблеми што некои од градоначалниците се сметаат дека се нерешлливи.“

Како и да е, и градоначалниците и владата признаваат, дел од проблемите што ќе се јавуваат ќе се решаваат во од.
XS
SM
MD
LG