Достапни линкови

Владините заложби само декларативни


Актуелната влада помпезно најави скратување на дискрециските права на министрите иницијатива што треба да го спречи создавањето на имиџ за корупмирани министри. Антикорупциската кампања во моментов се сведува само на работата на експертскиот тим код најавува дека веќе во спептември ќе излезе со конкретни препораки, како да се елиминираат субјекитвизмите во одлучувањето на носителите на јавни фукции. Првиот човек на експертскиот тим професорот Никола Тупанчевски вели работиме, и веќе сме во втората фаза, ги посетивме четирите најдуискутабилни министерства:

„Оставаме до крајот на септември, да ги посетиме комплетно сите министерства да изготвиме комплетен извештај за владата. Во извештајот ќе бидат ставени мислењата на министерствата, но се разбира ќе бидат вклучени и нашите сугестии.“

Она за што владата беше најмногу критиувана тоа беа таканаречените непосердни спогодби или договарања во очи што според антикорупциската комисија отвораат простор за најголеми злоупотреби и за кои се врзуваа имињата на неколку афери и министри Јован Трпеновски член на комисијата вели дека целата владина заложба е повеќе декларативна:

„Во изменивме и законот за продажба на општествен имот со непосредна спогодба, пак се поставува прашањето дали тоа не значи проширување на дискреционите права на носителите на функцијата. Јас сметам дека тоа е обратно е заложбата што ние ја имавме, со измената за законот ние ги проширивме дискреционите права.“

Едно од проблематичните прашања ќе биде секако и прашањето на имунитетот на министрите, што е всушност и една од клучните препораки на греко

„Најдискутабилно е дали треба и членовите на владата да имаат имунитет. Членот на владата треба да ги спроведува законите, а зошто да бара имунитет ако направил злоупотреба?“

вели Трпеновски. За професорот Тупанчевски пак, ова е прашање кое допрва се отвора со иницијативата за уставните измени.

„Од септември се очекува јавна расправа по предлог уставните измени, така што јавноста ќе биде запознаена во која насока ќе оди интервенцијата во поглед на имунитетот.“
XS
SM
MD
LG