Достапни линкови

Нема жртви, Блер ги повика граѓаните да продолжат нормално да живеат


Четри мали експлозии во три метро станици и еден автобус предизвикаа повторно паника и го парализираа сообраќајот во Лондон. Жртви за среќа нема. Шефот на лондонската полиција Иан Блер изјави дека се работи за сериозен инцидент

,,Ситуацијата сега е целосно под контрола. Сите 4 инциденти се утврдени и немаме индикации дека се работи за некаков хемиски напад или слично.”

Британскиот премиерот Тони Блер кој поради инцидентите ја одложи посетата на едно училиште во источен Лондон одржа итен состанок со првите луѓе на безбедносните служби , по што се обрати на нацијата.

,,Ние знаеме кои ги прави овие работи.Тие ги прават за да предизвикаат страв мегу луѓето и да ги уплашат. Но важно е што при овие инциденти нема жртви. Полицијата и останатите безбедносни служби ги превземаат сите потребни мерки и го прават најдоброто во оваа ситуација.”

рече Блер, кој ги повика граѓаните на лондон да продолжат нормално да живеат. Друг начин на реакција би значело вклучување во играта која тие ја посакуваат. Инаку денешните инциденти и експлозии доаѓаат само две недели по терористичките напади во Лондон во кој загинаа 56 лица, а околу 700 беа ранети.
XS
SM
MD
LG