Меѓународните претставници во земјава, коментирајќи ги инфрмациите од поранешниот српски генерал Нинослав Крстиќ велат дека во последно време немало влез на вооружени групи од Косово во Македонија:
„Не е прв пат, во последната година, да има шпекулации и обвинувања за движење преку границата. Знаете многу добро дека има големо меѓународно присуство на Косово воопшто, како и на границата, а и македонската полиција има веќе подолго време искуство во оваа област, и не гледам проблеми. Ниту сме добиле информации за вакви премини на границата,“
изјави Андреј Анџели од канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во земјава, кој посочува дека ниту една граница не е целосно безбедна и непропустлива за вакви лица:
„Секогаш има можност, ниту една граница во светот не е безбедна сто насто, но би рекол дека ништо посебно не се случува на границата во делот со Косово, ниту е алармантно.“
Од МВР информираат дека ниту вчера, ниту во изминатите денови е регистрирана вооружена група која влегла од Косово. Претставници на граничната полиција велат дека границата со Србија и Црна Гора во делот со Косово е безбедна и нема вакви преминувања. Инаку, генерал Крстиќ кој сега е претседател на Форумот за безбедност и демократија од Белград, за српските медиуми тврди дека поголем дел од границата меѓу Србија и Црна Гора и Македонија во делот со Косово никој не ја контролира и оти вооружени групи слободно преминуваат од една во друга територија.