Шпанското село, дивата населба 11 Октомври, ова се само дел од неурбнизираните делови од Скопје во кои преку ноќ никнуваат куќи. Борба со дивоградбите во градов најавија градоначалниците на скопските општини. Ќе се уриваат оние во изградба, а за веќе изградените ќе се бара можност за нивна легализација, а со тоа и полнење на општинските каси. Според Виолета Аларова, градоначалничка на општина Центар ова мора да се стори брзо:
„Она што веќе е изградено, да си ги плати комуналиите, да се легализира и апсолутно веќе да не знаеме што значи зборот дивоградба.“
Градоначалникот на општина Сарај Имер Селмани додава:
„Се што може да се легализира и да се вклопи во урбанистичките планови треба да се направи, ама мора да се каже дека од денот Д, па натаму, никој не смее да се осмели да стави темел.“
Според Андреј Петров, градоначалник на општина Карпош за овој проблем мора да се најде решение за да не се донесеме во ситуација да никнуваат дивоградби и понатаму:
„Да се направи закон, тоа е обврска наша и од Пактот за стабилност за легализирање на дивоградбите, каде што во законот точно ќе биде предвидено што е тоа што може да се легализира, а што е тоа што никако не смее да се легализира.“
Најгорлив проблем за скопјани пак е сообраќајниот хаос. Граѓаните велат, помеѓу 13 и 16 часот потребна е вечност за да се допатува од еден до друг семафор. Невладината организација Проактива, со интересен предлог за решавање на сообраќајниот хаос во градов. Пешачете повеќе – вели Александра Димова од Проактива:
„Граѓаните да пешачат повеќе и да возат повеќе велосипед. Може да се лобира да се зголемат површините каде што е забранет сообраќајот. Да се направат оние кружни прстени.“
Освен дибоградбите и сообраќајот, проблем за скопјани се и ѓубриштата и лошата хигиена во градот:
„Тука е добро, ама надвор од центарот не е добро.“
„Средно арно.“
Лекот за подобрата хигиена во скопските општини ќе се бара во подобрата комуникација со градот и со Комунална хигиена:
„Битно е да се елиминираат депониите, но уште побитно е да не се ствараат нови,“
вели Изет Меџити, градоначалник на Чаир.
Според Коце Трајановски, градоначалник на општина Гази Баба, тоа што сега се отвора можност општината сама да формира комунално претпријатие, доколку не е задоволна од градското е чекот напред за подобра хигиена во градот.