Дали нападите во Лондон ги зближија американците и европејците во војната против тероризмот? И да и не. Европејците, уплашени од евентуални нови напади, се повеќе се приклонуваат кон американските мерки кои им даваат на полицијата повеќе моќ да апси осомничени терористи и поцврсто да ги контролира границите. Меѓутоа, експертите велат дека европјеците и нивните влади се уште не ја прифаќаат американската идеја дека борбата против тероризмот мора примарно да биде со воени средства како што претседателот Џорџ Буш изјави деновиве во близина на Вашингтон.
„Остануваме во офанзива. Се бориме со непријателот во Ирак, во Авганистан инасекаде во светот со цел да не со соочиме со него тука, дома.“
Според Буш, главни начела на таквата стратегија се сменувањето на лошите режими и ширење на демократијата во муслиманскиот свет. Но, европјеците, како што вели Жан Пјер Дарнис од Римскиот Институт за Меѓународни односи, не се согласуваат со тоа:
„Нападот во Лондон не провоцираше реакција кај европејците дека војната во Ирак е она вистинското што се презема. Во Европа, заедничката концепцијае дека ирачката војна ги зголеми заканите од тероризам и оти ситуацијата во Ирак сега е полоша од претходно и со тоа многу поопасна за европската безбедност.“
Магнус Ранстроп, експерт за терористички прашања од Универзитетот Сент Ендрјуз во Британија додава:
„По нападите како овие, има многу, многу различни делови во јавноста кои сметаат дека сојузништвото со Соединетите Држави ќе ги направи уште поподложни на терористички закани.“
Според Дарнис пак, европејците имаа големо искуство во справувањето со различни видови тероризам и тоа пред се преку полициски и разузнавачки акции. Притоа, тој ги спомнува: ИРА во Британија, Баскиските сепаратисти во Шпанија или левичарските радикали во Италија:
„Полицијата тука се служи со контратероризам и разузнавање. Идејата за смена на режимите на Блискиот Исток, од друга страна, не се посматра како нешто што е потребно во војната против тероризмот. Имаме попрагматична визија за ова прашање.“
Вели Дарнис, додавајќи дека по минатогодишните терористички напади во Мадрид, европските држави ја зацврстија соработката и контолата на на нивните граници.