Достапни линкови

Експлозивна направа фрлена врз полициската станица во Бит Пазар, нема повредени


Врз северната страна на полициската станица во Бит Пазар, синоќа пред полноќ, непознат сторител фрлил експлозивна направа, нема настрадани, а причинета е материјална штета. Истрагата е во тек, вели портпаролот на МВР Борче Пешевски:

„Од експлозијата со која е причинета поголема материјална штета чија вредност дополнително ќе биде утврдена, оштетени се прозорците и искршени прозорските стакла на сите катови од северната страна на станицата, а предизвикани се и поголеми оштетувања во внатрешноста на полициската станица. Воедно од експлозијата е предизвикана и оштетување на повеќе излозни стакла на продавниците, наспроти полициската станица, лоцирани на булевар Никола Карев, повредени и загинати лица нема. На местото на настанот, во присуство на дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител, извршен е увид од екипа на СВР Скопје. Воедно, на местото на настанот излегоа стручни екипи од секторот за анти тероризам. Од страна на МВР, во тек се мерки и активности за откривање на сторителот, како и за утврдување на видот на експлозивната направа.“
XS
SM
MD
LG