Достапни линкови

Безбедносната состојба во Македонија, непроменета


Пред утрешната седница на Советот за безбедност што ја закажа претседателот Бранко Црвенковски, ништо не се смени во Кондово Брест и Вратница со присуството на вооружени лица и нападот врз полицијата на нејзин терен. За присуството на екстремните групи кои премиерот Бучковски ги препозна во оние, кои според него пукале и предизвикувале инциденти поради остварување на унитарноста на Македонија со Рамковниот договор и пред преговорите за статусот на Косово, надлежните институции одбиваат да коментираат дали меѓу тие групи има вооружени лица од Косово или Албанија:

„Граничната полиција, со оглед на фактот дека редовно ги извршува работните обврски, досега нема регистрирано несекојдневни активности во реоните долж граничната линија.“

вели портпаролот на граничната полиција Елизабета Петковска, додека портпаролот на Министерсвото за внатрешни работи Борче Пешевски, вели:

„Ставот на МВР за тоа какви оперативни мерки презема, е дека за тоа не известува и во оној момент кога ќе има некаков резултат од одредени активности јавноста навреме ќе биде информирана.“

Во меѓувреме присуството на вооружени лица не го коментираат ниту во локалната самоуправа. Градоначалникот на општината Сарај во чиј состав влегува и Кондово вели:

„Не сум ниту пак можам да бидам надлежен во случај кога немам овластување за таква една работа.“

Одговор од институциите кои треба да реферираат на прашањата поврзани со безбедносната ситуација во Македонија се очекува да произлезат од утрешната седница на Советот за Безбедност, откако по настаните во Кондово и Брест, претседателот на државата Бранко Црвенковски неодамна изјави дека се надева дека надлежните институции до 15-ти јули, за кога тој го закажа Советот ќе биде разрешен случајот со Кондово и дека ако тоа не се случи тогаш на седницата ќе побара информација, како и во кој рок таа ситуација ќе биде решена. Во пресрет на утрешната седница портпаролот Валентин Николовски вели:

„Од првата седница на Советот за Безбедност што се одржа во јануари, тогаш еден од заклучоците беше дека ќе се расправа и во поширок аспект за Косово во пресрет на почетокот на преговорите. Едно е сигурно како што и најави претседателот дека ќе се расправа и за состојбата во Кондово и дека ќе побара информација од надлежните институции околу безбедносната состојба.“

Претставниците на меѓународната заедница изјавија дека ситуацијата во Македонија е стабилна и дека поединечните инциценти како последниот во Вратница каде беше нападната полициска станица, немаат влијание врз вкупната безбедносна состојба.
XS
SM
MD
LG