Достапни линкови

Десет годишнина од масакрот во Сребреница


Босна и Херцеговина се подготвува за тажното одбележување на 10 годишнината од масакрот во Сребреница. Во Република Српска пак е извршена серија апсења на лица осомничени за геноцид во Сребреница. Еден од нив Јован Николиќ тврди дека го видел завршниот дел на егзекуцијата и оти за сребреничкиот масакр се знаело. Политичките во овој ентитет на Босна разногласни.

„Па тој ден кога јас дојдов долу тоа веќе беше при крај. Видов многу мртви и видов како тоа се прави. Да речам таа последна егзекуција. Коаг реков што се прави овде? - Зошто ги убивате луѓето? Еден од извршителите се сврти кон мене со пушка и рече ,, Што сакаш? Едвај ја спасив главата.“

Ова се зборовите на Јован Николиж еден од осомничените за злосторствата во Сребреница во јули 1995 година. Полицијата на Република Серпска го уапси а по жалбата на адвокатот му е дозволено да се брани од слобода. Тој вели дека се за маскрот во Сребреница се знаело одамна и дека надлежните институции можеле одамна да ги истражат злосторствата. Меѓутоа челниците на партијата која беше на чело во Република Српска и за време на масакрот и натаму инсистираат на реципроцитет кога станува збор за злосторствата. Станко Пивашевиќ портпарол на Српската Демократска партија.

„Невозможно е само Србите да чинеа золосторства. Па кај се десетиците илјадници убиенин срби и стотиците раселени и уште толку изгубени етнуички српски простори? Јас не знам кој нам ни нанесе зло и дали сами себеси си го сторивме тоа.“

Опозицијата во Репубилка Српска е на друго мислење и се чини е по подготвена да се соочи со злосторствата сторени во име на ентитетот. Крстан Симиќ е портпарол на Партијата на независни социјал демократи.

„Репубилика Српска има обврска, има потреба, има, на крајот на краиштата и човечка потреба да се соочи со работите кои се слуичиле и да оди во пресрет на случувањата, а не само тоа да се случува кога ќе не стигне ставот на меѓународната заедница, некој извештај, некаква декларација.“


Последните апсења на осомничените пред одбележувањето на 10 годишнината на масакрот во Сребреница на 11 јули кога се убиени 7 илјади бошњаци, за политичкиот аналитичар Тања Топиќ се евидентен доказ дека дека институициите во Република Српска чинат повеќе одколку порано, но вели таа тоа не е доволно. Секогаш вели таа се работи со резерва, со задршка и се бараат било какви оправдувања. Треба да се рестури зидот на молчењето и да се промени реториката, вели политичкиот аналитичар Тања Топиќ.
XS
SM
MD
LG