Достапни линкови

Започнува редовниот годишен состанок на лидерите на Г-8


Лидерите на 8 те најразвиени земји во светот денеска во Глениглс – Шкотска ќе го започнуват редовниот годишен состанок. На дневен ред е помошта за Африка, односно кратењето на долговите и климатските промени. Како што се јавува домаќинот Британскиот премиер Тони Блер притиска за прогрес во сите области, но наидува на силна опозиција од пред се американскиот претседател Џорџ Буш. Самитот се одвива под силни безбедносни мерки поради масовните протести на анти глобалистите кои доведоа и до судири со полицијата.

Мировни, активисти, анархисти, анти – капиталисти односно илјадници анти Ге – 8 демонстранти, се во Единбург и Глениглс каде што самитот се одржува. Таму и денеска како и во изминативе два дена имаше судири со полицијата. Десет илјади полицајци се распопредени само околу Глениглс – познато одмаралиште каде што самитот се одржува. Според полицијата само мал дел од нив се одговорни за инцидентите. Поголемиот број од нив пак се дел од растечкиот бран за подршка на акцијата против сиромаштијата и глобалното затоплување како главни теми на самитот а за што огромен потик беше добиен на светските концерти на Лајф 8 во саботата. Да ја направиме сиромаштијата историја, Ова е најголем глобален ТВ настан рече импресариото најавувајки го Боб Гелдоф ирската рок звезда човекот кој повикуваше на масовни протосети во Единбург – Шкотска.

„Ова е нашиот момент, ова е наше време, наша шанса, не бараме милост туку правда.“

рече на концертот во Лондон Боно Вокс од ЈУ – ТУ. Огромната симпатија за сиромашните земји е нешто на што лидерите на симитот во Шкотска мора да сметаат. Британскиот премиер ставајки го ова прашање плус прашањето за климатските промени на врвот на агендата на самитот сметаше дека комбинацијата на научните докази за глобалното затоплување и благодарноста за британската подршка за војната во Ирак ќе го убеди американскиот претседател Џорџ Буш да ја намали емисијата на штетните гасови. Но Буш во понеделникот за британската телевизија изјави.

„Тони Блер донесе одлука за тоа што мислеше дека од најдобар интерес на британците. Јас донесов одлука за тоа што мислам дека е најдобро за американците и тука нема размена. Јас на нашите односи гледам како на силно сојузништво и пријатели кои работат за заедничко добро.“

Буш ја отфрли можноста да им се приклучи на другите седум најразвиени земји во ратификацијата на протоколот од Кјото за спречување на глобалното затоплување затоа што овој протокол и наштетува на американската економија. Домаќинот на самитот Тони Блер сепак се надева на воспоставување првец и прогрес во таа насока. Така тој изгледа е дури охрабрен што Буш во интервјуто призна дека климатските промени се прашање со кое ќе треба да се справи неговата администрација. Второ клучно прашање на самитот на Г – 8 е помошта за Африка. Британскиот премиер изрази надеж дека ќе дојде до уште поголемо намалување на долгот за најсиромашните земји во светот. Британија пртиска, но другите изгледа не се премногу расположени, смета ирската рок звезда Боб Гелдорф, Во тој контекст се и субституциите односно рестечко меѓународно мислење дека Соединетите Држави и Европската Унија со олеснувањата и подршкаат на сопственото земјоделство ги уништуваат африканските земјоделци. За секој долар што им се дава на земјите во развој, уште еден се зема за субституциите во земјоделството на Америка и Европа. Самитот НА Г – 8 во Шкотска ќе трае три дена.
XS
SM
MD
LG