Достапни линкови

35 милиони евра за развој на демократија и реформи во Македонија


Со потпишување на годишната акциска програма КАРДС Македонија добива 34 и пол милиони евра што ке се користат за постигнување на европските стандарди во повеке области. За тоа колку средства ке се потрошат за пооделна област информира Драган Тилев раководител на владиниот сектор за европски интеграции

„Се работи за покривање на приоритетни проекти, демократска стабилизација два милиони евра, развој на институции 18 милиони евра и тоа во делот на правда и внатрешни работи. Потоа, дел за реформа на јавната администрација, државниот завод за статистика и секторот за телекомуникации итн. Потоа, корпус на проекти од економски и социјален развој 10,6 милиони евра.“

Реалзицаијата на предвидените проекти во висина од 25, 2 милиони евра ќе ја врши Европската агенција за реконструкција

„Програмата е со цел поддршка на интеграциониот процесс на земјата во Европската унија. Секторите кои ни се приоритетни се демократска стабилизација, зголемување на капацитетот на институциите, како и попддршка на економските и социјални реформи. Имплементацијата на програмата ке започне штом бидат понудени проектите,“

изјави Луџи Сандрин шеф на канцеларијата на Европската агенција за реконструкција во Скопје.
XS
SM
MD
LG