Достапни линкови

Проектил на НАСА успешно навлезе во кометата Темпл 1


Во Соединетите Држави денеска се одбележува 4 јули денот на независноста што се поклопува со мисијата на НАСА чиј проектил успешно навлезе во кометата Темпл 1 во мисија за која научниците веруваат дека ќе придонесе за нов поглед на потеклото на нашиот соларен систем. Настанот се случи на 133 милиони километри од земјата, а телескопите контролирани од Дип Импакт на земјата ги праќаат сликите и податоците за коализијата и резултатите од експлозијата на мразот, прашината и парчињата. Чарлс Елачи директорот на лабараторијата на НАСА во Калифорнија вели дека за прв пат ќе се види од што е направена внатрешноста на кометата.

„Нашето знаење за нашиот соларен систем ќе биде различно од она што е денес.“

Научниците имено сметаат дека внатрешноста на кометата содржи материјали формирани пред илјадници милиони години за време на формирањето на Сончевиот систем.
XS
SM
MD
LG