Од септември сите деца што имаат шест години ќе мораат да се запишат в училиште. Заради промените во законот за основно образование, досегашните забавишта ќе бидат обврска за секое дете. Со овие измени основното образование веќе нема да трае осум, туку девет години. Од ресорното Министерство велат дека со овие измени основното образование е поблиску до светските стандарди. Но, промени во наставните програми нема да има. Психологот Милка Ололовска смета дека токму програмите треба да се менуваат. Според неа деветолетката не е добро решение.
„Навистина програмата е таква каква што е. Потребна е реорганизација и тука треба да се стави акцентот.“
Таа додава дека на децата ќе им се одземе најдрагоценото:
„Детската игра. Никогаш детството во животот нема да се врати и детската игра има значај.“
И граѓаните имаат слични ставови:
„Јас сум од седум години да оди.“
„И така цел живот ќе оди.“
А мажите кои ги прашавме за децата и образованието, вака ни одговорија:
„Немам време“
„Не се занимавам со тие работи.“
„Може да одат.“
Секое дете не е емотивно зрело за да тргне в училиште на шест години. Од друга страна, психологот Ололовска вели дека има и деца кои заради настојувањата на родителите, однапред се подготвуваат за в училиште. Тие се досадуваат на часовите, а останатите пак,се фрустрираат зашто не можат да бидат во чекор со нив.
„Да се отворат посебни паралелки во коишто талентираните деца ќе се развиваат.“
Со децентрализацијата измените паѓаат на грбот на општините. Тие за септември ќе треба да обезбеат кадар и дополнителни простории.