Достапни линкови

Граѓаните се разладуваат како што можат, докторите препорачуваат течности и лесна храна


Поради високите температури кои достигнаа и до 40 степен целзиусов во пораст е бројот на граѓаните кои се жалат на промени во здравствената состојба. Дел од нив чувствуваат главоболки и отежнато дишење и избегнуваат чести излегувања надвор.

„Притисокот ми е покачен. Не одам на сонце.“
„Огромни жештини се, еве под ладовина, се ладиме, вода пиеме.“
„Тешко е, ама еве под сенка се прилагодуваме.“


Некои од граѓаните велат дека не им пречат високите температури,

„За мене е добро, ми одговара оваа температура.“
„Не е лошо, нека дојде 50.“


Од републичкиот завод за здравствена заштита велат дека климатските промени се ризични за здравјето на луѓето. Од таму препорачуваат:

„Сите активности да се завршуваат порано во утринските и вечерните часови. Носење на лесна облека, да носат луѓето заштита на главата. Да се употребува полесна храна и повеќе напитоци,“

истакнува Благоја Алексоски, директор на РЗЗЗ

Тој додава дека граѓаните треба да внимаваат и на храната која се консумира. Да се избегнува масна храна и да не се консумираат алкохолни пијалоци.

Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека засега нема недостаток на вода, но порачуваат граѓаните повеќе да ја штедат водата.

„Сите треба да бидеме рационални да не се намали капацитетот на бунарите и на изворот Рашче и треба домаќикнски да работиме.“

изјави Митре Кичевски од ЈП Водовод и канализација

Од управата за хидрометереолошки работи велат дека Македонија се наоѓа под топла воздушна маса, но најавуваат намалување на температурите во текот на престојниот период:

„Во деновите на викендот времето ќе биде променливо облачно, проследено со локални врнежи. Наместа ќе има појава на невреме со појава на ветер и град,“

изјави Веселин Стојановски.
XS
SM
MD
LG