Достапни линкови

Две знамиња на две држави едно до друго значат поделен суверенитет


Меѓународното право не дозволува употреба на знаме на туѓо знаме во територија на една земјава, велат експертите кои сепак посочуваат дека има вакви исклучоци. Романија и Словенија имаат слични решенија какво што понуди македонската влада.

,,Преседан имало во Романија во однос на унгарското малцинство. Во Романија знамињата на малцинствата може да се употребуваат за време на официјални јавни собирања. Што е она што во светот во компаративното право не постои. Не постои закон за употреба на знамињата на заедниците, тоа ви тврдам. Еве во Словенија, има закон за употреба на државното знаме, химна и грб и во еден член, стои дека покрај државното знаме за време на државните празници ќе се употребуваат и симболите на унгарската и италјанската етничка заедница,”

вели професорот Гордана Силјановска. И преставниците на опозицијата кои остро се спротивставуваат на владиниот предлог признаваат дека слично искуство постои во Романија, но велат дека тоа не е допустливо.

,,Сметаме дека не е добро да се употребува знаме на ту”а држава на територијата на Македониј затоа што се загрозува суверенитетот на Република Македонија, кој според уставот е неделив,”

вели Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ. За Рафиз Алити од владеачката ДУИ Македонија не е исклучок во светото иако таа има свои специфики во однос на употребата на симболите на етничките заедници повикувајќи се на Преамбулата на Уставот:

,,Ние мислиме дека тоа кореспондира и со Уставот на Република Македонија. Ние сме дел од албанскиот народ што живее во Република Македонија. Значи, по автоматизам, ние треба да користиме знаме кое го користат Албанците во Република Албанија, Косово итн.”

Професорот Силјановска од друга страна вели:

,,Кога имате две државни знамиња едно крај друго заклучокот е дека се работи за поделен суверенитет и тие може да стојат едно крај друго само во ситуациите што ги набројав, барем тоа се нормите според меѓународното право."
XS
SM
MD
LG