Достапни линкови

Барање за трпеливост од американската јавност во однос на Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш во ображањето до американците побара трпеливост во однос на прогресот во Ирак. Зборувајки во Форт Браг - Северна Каролина, Буш рече дека конфликтот е тежок и опасен, но и дека со време стратегијата ирачаните сами да се справат со неријателот дава резулатати.

На војниците во форт Браг Северна Каролина Буш им порача да не ја губат вербата во ирачката војна и дека борбата е во нивен најдобар интерес.

,,Работата во Ирак е тешка и опасна. Како и повечето американци ги гледам сликите на насилство и кровопролевање. И секоја слика е страшна и страдањето е реално. Знам дека американците се прашуваат дали жтртвата вреди. Да вреди. И тоа е витално за идната безбедност на нашата земја."

Буш одби да даде временски рок за повлекување на американските војници од Ирак, велејќи дека напаѓачите тоа би го искористиле за интензивирање на нивните напади врз ирачката влада која е сеуште неподготвена самата да се брани. Буш овој говор го иодржа како директен одговор на негативното расположение околу неговите перформанци како претседател посебно во однос на војната, смета професорот Ален Лихтман професорот по историја од американскиот универзитет во Вашингтон.

,,Буш чувствува дека некако треба повторно да ги убеди американците дека се на вистинската патека во Ирак и да го подобри својотв рејтинг во врска со тоа. Неговата задача е тешка бидејки сега има значаен сегмент од јавноста која е против него."

Според некои истражувања анти – бушовиот сентимент пораснал на околу 40 насто. Меѓутоа, вели Лихтман позитина бројка е и тоа што речиси 58 насто од американците се согласуваат со својот опретседател кој вели дека американските војници треба да останат во Ирак се додека ирачаните не се оспособат самите да се грижат за безбедноста.
XS
SM
MD
LG