Достапни линкови

Согласност околу соработката за ограничување на иранската нуклеарна програма


Соединетите држави и Германија се согласни околу соработката за ограничување на иранската нуклеарна програма и потребата од демократски и стабилен Ирак. Вашингтон нема против членството на било која земја постојаниот Совет за безбедност на Обединетите Нации. Ова синоќа во Вашингтон го изјавија американскиот претседател Џорџ Буш и германскиот канцелар Герхард Шредер.

Соединетите Држави немаат против членството на било која земја во Советот за Безбедност на Обединетите Нации изјави синоќа во Вашингтон по средбата со германскиот канцелар Герхард Шредер, американскиот претседател Џорџ Буш. Шредер од своја страна изјави дека е задоволен од американскиот став но и дека постојат одредени разлики за временскиот рок во кој би дошло до проширување на Советот согласно реформата на Обединетите Нации. Буш изјави и дека ја подржува соработката со европските земји во преговорите за ограничување на иранскиот нуклеарен програм.


,,Мојтата порака до канцеларот е дека ние продолжуваме да работиме со Велика Британија, Франција и Германија за да испартиме единствена порака која вели дека развојот на нуклеарно оружје е неприфатливо и дека процесот кој би можел да му овозможи на Иран развој на такво оружје е неприфатлив."

Шредер се согласи со оваа порака на Буш. Иран во ноември го прекина програмот со обогатен ураниум за да ги избегне санкциите на Обединетите Нации но наведе дека е тоа привремено. Новоизбраниот претседател Махмуд Ахаминеџад вети дека програмата ќе продолжи бидејки на Иран му е потребна мирнодопска нукеларна технологија. Буш се заблагодари и на германскиот придонес за Ирак. Клучот е ирачаните да се осопособат за самоодбрана рече Буш истакнувајки го германскиот придонесе во тренирањето на ирачките сили.

,,Тука нема спорно прашање. Стабилен и демократски Ирак е интерес не само на Германија туку и на Европа."

изјави германскиот канцелар Герхард Шредер во Белата Куќа по разговорите со американскиот претседател Џорџ Буш.
XS
SM
MD
LG