Достапни линкови

Редукција на персоналот


Со цел прближување кон НАТО во рамки на низата на обврски мегудругото потребно е воспоставуавње на ефикасна, мала и професионална армија. За постигнување на ова предвидено е редукција на персоналот. Притоа најголем дел од лицата кои треба да ја напуштат армијата, а со цел намалување на бројот на нејзини припадници од сегашните 12 илјади на 8 илјади, е офицерскиот кадар или од речиси илјада И шестотини треба да има само околу осумстотини офицери во армијата. Овој процес предвидено е да завршИ до крајот на 2006 или почетокот на 2007 година. Од надлежните институции информираат дека е подготвена програма која предвидува повеке начини на кои овие лица ја напуштаат армијата

,,Тука мора да ги споменеме укинувањето на надлежноси на МО и префрлање на надлежностите на друг орган. Во моментов се разработуваат материјали за разработка проекти за преземање офицери во цивилни органи на државната управа итн,”

изјави магистер Магдалена Несторовска, државен советник во минисстерството за одбрана, одговорна за правни и персонални решенија. Од синдикатот на вработените во областа на одбраната како прифатлива можност го сметаат предлогот за доброволен престанок на работниот однос И предлагаат притоа да се предвиди финансиски надомест еднократна исплата на најмалку 48 бруто просечни плати или околу 16 илјади евра по човек:

,,Според нашето видување сите оние кои доброволно сакаат да ја напуштат армијата да имаат соодветна парична понуда за да имаат солиден бизнис за да ги прехранат фамилиите,”

вели Ристо Ајтов од синдакатот кој додава дека освен ова треба да се предвиди и предвременото пензионирање.
XS
SM
MD
LG