Достапни линкови

Позитивни трендови во политиката и безбедноста, економијата најголем проблем


Македонските граѓани според ова истражување, најмногу се загрижени за социо економската ситуација. Дури 62,1 насто од македонското население и 61,9 од албанското се загрижени поради невработеноста во земјава:

„Во однос на акциониот план за борбата против сиромаштијата, како што знаете, владата усвои стратегија за тоа, но сеуште не подготви конкретен акционен план, како ќе се справи со најгорчливиот проблем во Македонија,“

вели професорот Абдулменаф Беџети од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Инаку, генерално според координаторот на УНДП во Македонија Фроде Мауринг, постои тренд на подобрување на меѓуетничките односи во Македонија:

„Извештајот покажува позитивни трендови во областа на меѓуетничките односи и личната и јавна безбедност. Се работи за бавни, но позитивни трендови и можам само да кажам дека се надевам дека тие трендови ќе продолжат и во иднина,“

вели постојаниот координатор во УНДП во земјава Фроде Мауринг.

Според ова истражување резултатите покажуваат дек рејтингот на политичките партии во земјава е релативно изедначен. Двете најголеми македонски политички партии би имале приближен бој места во Собранието доколку денеска би се одржале избори, со што наредниот период реално е да се очекува заострување на политичката борба, се вели во извештајот. Според истражувањето на УНДП 19,6 насто од граѓаните се изјасниле за СДСМ, 17,3 за ВМРО-ДПМНЕ а 4,2 насто за ВМРО-Народна. Што се однесува до состојбата со албанските политички партии, ситуацијата е прилично јасна, дури 43 насто од Албанците се изјасниле за ДУИ, 16,6 за ДПА, а 6 насто за ПДП.
XS
SM
MD
LG