Достапни линкови

Фроде Мауринг, постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Македонија. Лани во Македонија немаше никаков економски развој


Господине Мауринг, владата на РМ го презентираше првиот извештај за милениумските развојни цели кои се обврза да ги постигне со потпишувањето на милениумската декларација во 2000 година. Колку се реални шансите тие да се реализираат до предвидениот рок, 2015 год?

Сите овие цели се идентификувани како глобални цели и тие се прифатени во интернационални рамки. Тоа значи дека кога националната комисија ја утврдува конечната проценка пред да и ги предаде целите на владата, тоа подразбира одредени предизвици, но возможно е истите да се остварат.
Очигледно е дека некои од нив и не е толку тешко да се постигнат: на пр. оваа земја нема големи проблеми со морталитетот кај децата или со здравјето на мајките, но секако има и одредени празнини во некои области, кои и не се толку големи во споредба со останатите земји во развој.

Една од целите е намалување на стапката на сиромаштијата на 9,5%. Ако се земе предвид дека повеќе од 50% од населението во Македонија е сиромашно, колку е реална ваквата проценка?

Да се намали сиромаштијата до 9,5% до 2015 година е возможно, но тоа бара економски предуслови. Нема намалување на сиромаштијата без економски раст и развој и нема економски раст без инвестиции во приватниот сектор.Тоа ќе зависи од успехот на економскиот развој, од тоа дали Македонија ќе биде атрактивно подрачје за инвестиции од домашните или странските компании, како и од зголемувањето на вработеноста. Доколку обезбедите повеќе работни места за невработените, тоа ќе помогне во намалување на сиромаштијата. На пример и во Рим голем дел од населението живее сиромашно, тоа не е проблем само во Македонија. Значи ова е возможно, но бара многу успех во структуирањето на економијата и спроведувањето на реформи.Ова исто така зависи од прашања кои не се специфицирани како милениумски развојни цели, но се дел од милениумската декларација. На пример: добра влада! Добра влада не подразбира само способни и вредни политичари, туку и способни државни службеници зошто без нив не е возможно да ја претворите политиката во конкретни акции. Да бидам искрен сметам дека е предизвик е да се направи јавната администрација што поефикасна и на централно и на локално ниво, а тоа само по себе ќе води кон економски развој.

189 земји ја потпишаа милениумската декларација. Може ли да направите споредба помеѓу темпото со кое се реализираат целите кај нив И тука кај нас?

Конечните резултати нема да се знаат до 2015 година, бидејќи постигнувањето на тие цели има краен рок до 2015 година. 189 земји ја потпишаа декларацијата,а меѓу нив има и целосно развиени земји, што од друга страна го поставува прашањето што е целосно развиена земја и дали воопшто постои таква. Но има земји за кои првите седум милениумски цени и не се некаков предизвик, но осмата цел е важна за развиените земји, тоа е е национална рамка за глобална соработка, и подразбира помош за развој на неразвиените земји, посебен трговски режим, пристап на македонските производи на европските или др пазари, инвестициски режим и сл. И оттука е важно развиените земји да бидат дел дел од оваа рамка. Значи имате ранг на земји од најбогати до најсиромашни, а Македонија е поблиску до западно- европските земји, иако се бори со неколку предизвици, вработувањето е една од нив. Сепак поминаа само 14 години од кога таа стана посебна држава а тоа е помалку од просекот на една европска држава.

Како вие ја оценувате политичката и економската ситуација во земјата?

Мислам дека со текот на времето има постигнато голем напредок во политичката ситуација, особено по кризата во 2001 година. Мината година беше во секој поглед година во која не видовме никаков економски развој, а се случија и многу настани кои создадоа проблеми за политичката стабилност, но се покажа дека Македонија е позрела како земја и знае како да се справи со проблемите. Сите политички случувања почнувајќи од смртта на претседателот Трајковски, оставката на премиерот па се до референдумот за територијалната поделба, беа политички шокови за Македонија, но настрана од нив, се друго се одвиваше доволно добро.
Во однос на економската ситуација, евидентно е дека имаше низок економски раст. Сепак доколку погледнете назад, во изминатите 15 години ќе забележите дека многу работи се случиле, ако гледате подалеку ќе видите дека има многу повеќе активности во приватниот сектор, отколку што имало порано, истотака се создадоа многу повеќе институции кои работат активно, така што доколку направите детална анализа, ќе видите дека и тука е постигнат прогрес. Сепак со повеќе од 30% невработеност и многу низок економски раст, очигледно е дека се потребни темелни економски реформи, а на тоа инсистира и ЕУ, доколку саката да станете дел од неа.

Што според вас треба да се направи за да се подобри инвестициска клима
во Македонија?

Голем број на работи. Најпрво реформите во судството треба да продолжат. Бидејќи доколку сте инвеститор ќе сакате да знаете дали можете да извршите наплата при продажбата на својот производ. Треба да постои и макроекономска стабилност. Не треба да дозволите премногу висока инфлација,треба да имате стабилна валута што нема да претрпува големи флуктуации, а тоа се фактори кои треба да постигнат напредок. Има и други работи кои се важни за подобрување на инвестициската клима. На пр. законот за работни односи. Од една страна мора да постои заштита за работната сила,а за тоа се потребни прописи , а од друга страна не може да постои заштита за вработениот кој краде од некоја компанија, мора да има повеќе можности да се вработуваат луѓе привремено, бидејќи во спротивност може и да нема вработувања воопшто што е лошо за економскиот раст. Исто така треба да се променат многу закони од времето на поранешна Југославија, како на пр.дека не е дозволено да работиш ако си се уште студент, што може да се сфати во рамки на социјалистичкиот систем, но не е прифатливо за едно модерно време.
Да, треба да се спроведат реформи, и тоа балансирани реформи. Да се направат закони по европски стандарди. Тука мислам и на реформите во во фискалната и даночната политика. Проблем е и вработувањето на црно. Потребни се многу реформи, чие спроведување со тек на време, дефинитивно ќе донесе резултати.

Програмата за развој на ОН веќе неколку години спроведува најразлични проекти во земјата. Колку сте задоволни од постигнатите резултати?

Најпрво дали забележавте дека големата политичка реформа које е во тек е децентрализацијата. Тоа значи дека новите општини ќе имаат капацитет да ги прифатат новите обврски. Мораме да признаеме дека на тој план не се случуваа многу работи порано, но во моментот сме активни во многу општини и се обидуваме да им помогнеме, така што со прифаќањето на новите надлежности да не постојат повеќе бирократски пречки за инвестиции, да се овозможи брз и динамичен развој на приватниот сектор. Исто така работиме и на реформи во законодавството. Има многу антички закони кои треба да се променат во согласност со европските стандарди, ние имаме тим кој работи со министерот за економија, кој работи на стимулирање на инвестициската клима И други активности кои креираат нови вработувања, но треба да се вложат уште многу напори за да се зголеми степенот на вработеноста, да има многу повеќе можности за невработените луѓе, ние имаме и посебна програма на која работиме во соработка со локалните бироа за вработување и приватниот сектор. Во првата фаза од проектот успеавме да создадеме 1500 нови работни места.

Деновиве актуелна тема е промената на структурата на Советот за безбедност на ОН. Какви реформи се предвидуваат во иднина и ќе ја видиме ли Германија како постојана земја-членка на Советот за безбедност?

Апсолутно, во септември ќе има состанок на високо ниво на генералното собрание и во агендата има многу интересни работи за дискусија. Има три главни области во кои ќе се спроведуваат реформите. Дел од нив треба да ги задоволат економските и социјалните потреби, да го направат светот безбеден од терористички закани и да овозможат достоинствен живот. Значи реформите ги опфаќаат и богатите земји, за кои секогаш постои закана од терористички напади, а за сиромашните земји ќе се овозможи подобрување и задоволување на потребите на луѓето. Исто така треба да се дефинираат и критериумите по кои советот одлучува дали и кога ќе превземе интервенција,во случај на војна или пак на геноцид. Ќе се формира и комисија за градење на мир, која константно ќе ја следи ситуацијата во земја во која на пр. имало некаков конфликт. Кога има голем конфликт некаде, вие директно ја следите ситуацијата преку медиумите, но по завршувањето на истиот, кога трупите ќе заминатдома, статистиката покажува дека кај 50% од луѓето во наредните 5 години повторно има конфликт. Идејата за создавање на Комисија за градење на мирот, подразбира постоење на интензивни и навремени активности за градење и развивање на мирот. Неговото постоење е одлична идеја.
XS
SM
MD
LG