Достапни линкови

Македонија резерват за два милиони луѓе


Два милиони државјани на Македонија речиси се затворени во границите на државата. Само во 10 земји, вкучувајки ја и Бугарија која наскоро ќе мора да воведе визи за Македонија, македонските грагани можат да патуваат слободно, за сите останати земји во светот се потребни визи. Од 25 до 100 евра е цената на визите кои ја плаќаат граганите, а дополнителен трошок во последнава година е воведувањето и на патничкото осигурување. Но, цената и осигурувањето е само почетниот дел од ,,агонијата,, која подразбира добивање виза. Поголемиот број од странските амбасади во листата на барања за македонските грагани за издавање на визи, барат сигурно вработување, што значи дека оние непријавените или ангажирани со договор за дело, имаат мали шанси да излезат од земјава, здравствени картончиња, разни потврди, гарантни писма и уште некои други дополнителни документи, вклучувајќи го и повеќе часовното чекање пред амбасадите за да се аплицира. Причина повеќе граѓаните, ваквата визна изолација и начинот на добивање визи да го оценат како омаловажувачки:

,,Досегашниот визен режим не е соодветен и понижувачко е чекањето пред конзулат.”
,,Ем те тепа, ем не ти дава да плачеш, ете баш така е.”
,,Во еден резерват сме ставени.”
,,Понижување на личниоста и на достоинството на човекот.”


Олеснување во вадењето на визи за граѓаните не постои ниту за туристички патувања или годишен одмор, бидејќи на туристичките агенции во земјава не им е дозволено да посредуваат при вадењето на виза и доколку станува збор за уплатен летен аранжан:

,,Не, сами си ја вадите.”

Македонија треба да исполни три услови за да биде олеснет визниот режим, осовременување на граничната контрола, потпишување на договорите за реадмисија и изработка на пасоши по европски стандарди. Во Министерството за внатрешни работи кое е надлежно за спроведување на работите, велат дека надоцна до почетокот на идната година, условите ќе бидат исполнети.

,,Сосема извесно е дека границата ќе биде преземена до 2005 година, патните исправи ќе се пролонгира два – три месеци и се ожекува комплетно да ги исполниме условите,”

потенцира Горан Павловски портпарол на МВР.
XS
SM
MD
LG