Достапни линкови

До соодветно вработувасе преку берза на трудот


Токму ваква работа и барав, задоволна сум од рабoтното место, затоа што сум економист по струка и сега го работам токму она што го сакам - вели Весна Ѓорѓиевска сметководител во една фирма.

,,Работев меѓутоа во агенција за недвижности. За тоа време упорно барав работа и се јавив во агенција за вработување."

објaснува таа

Таа после 12 годишно работно искуство во различни области решила да побара работа во Вработување берза фирма која се занимава со вработување на невработените.

,,Не сакав да ми понудат што било. Бев обична секретарка, и не беше нешто што сакав и тие за два дена ми кажаа дека бараат тоа што сакам да го работам."

ракажува Весна

И маркетинг менаџерот во Вработување берза Дарко Велков вели дека потрагата по добро работно место ја почувствувал и лично тој но и целата неговата генерација млади луге кои не можеле да ја пронајдат својата перспектива.Од таму објаснува тој и идејата за ваква фирма.

,,Храбар потег беше на почеток, сега се покажува дека бил вистински, затоа што многу луѓе имаат потреба од квалитетно работно мсето."

Од вработување берза објаснуваат дека нивна тенденција е секогаш на невработените да им наогаат работни места според квалификации и личните желби.

,,Се трудиме да направиме поврзување меѓу вештините и побарувањата на менаџерите. Но, доколку и тоа не е возможно во одреден период, порепорачуваме да работат што и да е, за да може да преживеат."

Во моментов во кај нив работа бараат луге со секакво образование, а бројот на помладите е поголем. Тој факт смета Дарко е последица на тоа повозрсаните се обесхрабрени.

,,Во секој оглас во дневните весници менаџерите пишуваат до 35 години, но тоа не треба да обесхрабрува."

Трендот приватните фирми да бараат вработени преку вакви берзи е постојано во пораст велат од Вработување берза и додаваат дека за период од девет месеци вработиле околу 85 луѓе.
XS
SM
MD
LG