Како гледате на иднината на европскиот проект, по неодамнешното француско и холандско не за европскиот устав и каде е Македонија?
Неспорно е дека ЕУ ќе треба да посвети малку време на некои од дилемите кои сметаше дека се разрешени. Всушност, прашањата кои стоеја на маса, беа дебатирани од политичарите и се сметаше дека се решени со компромисот, сега повторно се на маса. Ќе треба многу повќе време, многу повеќе енергија, внимание за да се земе предвид реакцијата или расположението на граѓаните кон некои од овие дилеми. Така што, убедена сум дека ЕУ ќе треба да ги преиспита некои од решенијата кои се сметаа за решени. Се разбира, тоа потрошено време, внимание и енергија ќе значи и одземање на енергија со којашто ЕУ продолжува да се занимава со земјите кандидатки, со земјите од Западниот Балкан. Меѓутоа, нашата функција и улога мора да биде да ја потсетиме ЕУ дека во нашиот партнерски однос и тие земаа обврски и дека не може да се откажат од преземените обврски и со потпишувањто на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и со солунскиот самит. Тие презедоа обврска дека заедно со нас ќе работат на наше идно членство во ЕУ и не може да се повлечат од тоа партнерство. Меѓутоа, мора да внимаваме и да ги земеме предвид овие внатрешни случувања во Унијата и да знаеме дека директно или индиректно ќе имаат влијание и на нашите интеграциски желби и амбиции.
Треба ли Македонија повеќе да се сврти кон себе?
Знаете како, велат, нема да се променат условите за членство, но ќе се промени строгоста со која ЕУ ќе проверува дали земјите ги задоволила критериумите. Значи, ни испратија порака дека не смееме да се надеваме дека на некои од нашите недостатоци ќе се замижи. Тоа е една дополнителна причина зошто сега мора да се сконцентрираме на нашите внатрешни обврски и да направиме се што можеме да ја завршиме обврската што сме ја преземале. Да не даваме шанса за алиби. Тоа по малку е нефер, некои би рекле, затоа што некои земји членки, во моментот кога стануваа кандидати не ги задоволуваа сто процентно сите услови, и често пати тоа во натамошниот процес на проширување им носеше проблеми. Презеле обврска, се сметаше дека обврската е завршена и речиси на денот на членство се виде дека не е баш така. Тоа е една од причините зошто кон проширувањето старите земји членки имаат по малку амбивалентен однос. Меѓутоа, иако е тоа построго од ЕУ, можеби има и предност за нас. Бидејќи обврските кои ги земавме, реформите, тоа се теми важни за ЕУ, но уште поважни за нас и нашите граѓани. Ако ние го реформираме судството и го направиме поефикасно, тоа прво ќе го почуствуваат нашите граѓани кои седат по судовите и со години не може да ја добијат правдата, а дури потоа ќе го почувствуваат и како предност заради нашето зачленување во ЕУ.
Споменавте дека тоа несомнено ќе влијае на проширувањето. Македонија се надева до крајот на годинава да добие позитивна оценка. Може ли тоа да значи одложување? Што очекува владата?
Прво, тоа ќе биде навистина лош преседан и лоша пракса на ЕУ. Навистина беше задоволство да се прочита реакцијата на неколку поранешни крупни европски фигури коишто пишаа и до Европската комисија и до земјите членки на ЕУ и кажаа дека сега не треба да се повторуваат грешките што ЕУ ги направи кон Балканот и дека не треба да се успори проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан. Апсолутно мислам дека тоа е неприфатливо, некоректно и очекуваме и по референдумите Европската комисија во почетокот на ноември ќе излезе со извештај околу подготвеноста на Македонија да стане земја кандидат. Очекуваме дека по овој извештај, и земјите членки ќе ја поддржат нашата кандидатура. Било какво одлагање на процесот ќе испрати многу погрешна порака кон целиот регион и кон Република Македонија, а тоа е дека надчовечките напори направени во делот на крупните политички критериуми не се ценат и не се наградуваат соодветно. Апсолутно сум убедена дека термините остануваат и понатаму дека тие се заедничка обврска и на ЕУ и на Македонија, таа оценка ќе зависи и од однесувањето на Македонија во следните три четири месеци.
Го споменавте обраќањето на поранешните лидери до актуелните, тие велат дека е можно повторување на етничките тензии. Верувате ли дека тоа е можно?
Тие зборуваа во регионален контекст, особено имајќи ја на ум ситуацијата на Косово и во БИХ. Мислам дека излегоа со рационална позиција, кога земјите се во транзиција минуваат низ болни и чувствителни периоди, кога во земјите уште имаат и мултиетнички и статусни прашања што уште не се разрешени, тогаш овие економски прашања, секогаш предизвикуваат и политички кризи. Ако граѓаните во регионот не може да се надеваат дека работат на реформи за членство во ЕУ, губејќи ја иднината ќе започнат уште повеќе да се занимаваат со минатото. Тоа е лоша порака за сите земји од регионот. Ќе ги засили популистите во сите држави од нашето соседство. Ќе ги забави реформите, бидејќи навистина е тешко да спроведувате болни реформи, ако не можете на своите гласачи и граѓани да им кажете, дека правиме жртва, и дека наградата е членство. Ако ја немате перспективата такви реформи се многу тешки.
Сметате дека во Македонија не се можни такви конфликти, дури и во случај, хипотетично да не се случи оценка од комисијата и слично?
Ние мора да направиме сето тоа да не е така. Точно е дека дел од реформите ќе се забават.
Околу прашалникот, Македонија доби дополнителни прашања, очекувате ли други прашања?
Па, не очекувам ништо дополнително. Што се однесува на општите состојби. Она што не очекува во следните неколку месеци е постојан дијалог околу актуелните случувања во Македонија. Значи ние во секое поглавје кажавме каква е состојбата во февруари, потоа каде што ни побараа дополнителни одговори кажавме и што се случило меѓу февруари и мај. Но, од нас Европската комисија ќе очекува постојано информирање за секој напредок што го правиме како држава. И ние последниот извештај за напредокот ќе го доставиме кон крајот на септември.
Сега на поинаква тема. Каде потпретседателката на владата размислува да замине на одмор?
Според последниве информации најверојатно нема да одам на вистински одмор. За среќа владата ќе има колективен одмор во првите две недели на август, што е прв пат во овие три години и мислам дека е добра пракса, патем речено. Јас имам некои обврски во САД и се надевам дека ќе можам да одам таму да ги завршам тие обврски и да добијам и два - три дена слободно време.
Колку со оглед на обврските останува време за вас, за пријателите? Имате ли омилено место каде што со пријателите сакате да го испиете кафето?
Обично се жалат дека имам малку време за нив. Мислам дека успевам да балансирам, или можеби сум се навикнала на вакво темпо. Сакам да се видам и во Скопје и во Маврово со нив, немам некое специјално омилено место, во принцип се договараме на различни места, затоа што во Скопје има и поширока понуда. Ми недостига дневно кафе, затоа што ми недостига време да зграбам за дневно кафе на Кејот, во ГТЦ или по улицата Македонија, која сега станува поатрактивна. Отприлика, тука го трошам времето со пријателите.