На патот кон НАТО, Македонија направи најголем исчекор во реструктуирање на одбранбениот сектор, оттука планирањето и буџетирањето е согласно со НАТО стандардите, вели професорот од Институтот за одбрана, Трајан Гоцевски. Тој оценува дека планираните средства за постигнување стандардите на алијансата се доволни. Недостатокот на средства, додава Гоцевски е минато, тоа се случуваше пред неколку години
„Во последните две-три години тоа е надминато и Владата и парламентот предвидува реален износ средства потребен за реформите и оттаму оценките дека Македонија е реален кандидат за членство во 2006 или 2007.“
Министерот за одбрана Јован Манасијевски вели дека е прецизиран планот за потребите на оваа институција при постигнување на НАТО стандардите
„До сега армијата беше опремувана за донации. Тоа не носеше квалитетна и стандардизирана опрема, така што растеа и трошоците за одржување, така што од годинава тргнавме со тој концепт, тоа е долгогодишен концепт на планирано опремување до 2013 година, всушност министерството за одбрана точно знае што ќе набавува.“
Горги Трендафилов од парламентарната комисија за одбрана смета дека постои расчекор и кога станува збор за спроведување на индивидуалните партнерски програми со она што е содржано во Акциониот план за членство, тоа значи дека, тоа за што се зборувало да се реализира во војската се случува по извесен период од три до шест месеци, да се прифатат сосема спротивни обврски и задачи. Средствата пак најчесто се пренасочуваат, а има и најави за ребаланс на буџетот
„Не секогаш владата се држи до ставките утврдени во буџетот, со тоа што од една ставка пари се пренасочуваат во друга ставка и ние на централно ниво имаме секогаш минус од 24 милијарди кои секогаш централниот буџет се обидува да ги пополни со поддршка од ММФ или од странски кредитори,“
изјави Трендафилов.