Дел од градоначалниците на само две недели од стартот на процесот на децентрализација закажан за 1 јули, со кој започнува трансферирањето на надлежностите на локалните влати во делот на финансиите, имотот и вработените во општинските администрации, се сомневаат дека процесот на децентрализација поради како што велат, недоволната ангажираност на централната власт успешно ќе се спроведе.
„Иако остануваат уште неколку дена за да се почитува одлуката на Владата за извршување и на делбениот биланс, ние сеуште и ден денска немаме никаков одговор, а деновите се приближуваат. Така да, ако сакаме сето тоа да се спроведе ќе мора да се одвива забрзано.“
Вели Петре Латиновски градоначалник на општина Бутел.
Делбениот биланс и финансиите кои се клучни за преземањето на надлежностите за локалните власти и стартот на децентрализација, како главен проблем ги посочува и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
„На пример, делбениот биланс сеуште не е отпочнат, а веќе доаѓа 1 јули, потоа околу донесувањето на буџетите на општините се доцни со доставувањето на вистинските информации.“
Не е доволно да постои желба, туку и практична воља за да се заврши овој процес, потенцира пак првиот човек на општина Желино Кенан Алиу. Тој има сериозни замерки на работата на некои надлежни министерства со кои сеуште не е остварен никаков контакт за да се договори процесот на преземање на ингеренциите.
„Особено во областа на транспротот и врски односно во урбанизмот, ќе се обидеме како општина да ги преземеме обврските дури и да не сака централната власт, бидејќи се обидуваме да создадеме оптимални услови за оваа област.“
изјавува Алиу.
Во Министерството за локална самоуправа велат дека работната група за децентралзиација е во постојано заседание за договарање на финансискиот аспект на општините. Точно е дека останува да бидат донесени и уште два клучни закони од областа на локалната самоуправа, но ќе се стигне навреме, велат оттаму.
„Тоа е законот за просторно и урбанистичко планирање и законот за градење, кои што се во собрансика процедури и по донесувањето на овие закони може да се каже дека комплетно се исполнети сите услови за трансфер на надлежностите.“
потенцира Ели Чакар од Министерството за локална самоуправа.