Достапни линкови

Демаркацијата на границата топ тема на агендата на разговорите


Демаркацијата на граничната линија кон Косово е една од најжешките теми за кои во Скопје ќе разговараат македонскиот премиер Владо Бучковски и неговиот косовски колега Бајрам Косуми, што воедно претставува и прва официјална посета на еден косовски премиер во земјава. Македонските власти сметаат дека УНМИК е клучниот фактор за решавање на ова прашање:

,,За жал Белград не е решение за проблемот, Белград може да биде конструктивен и таква ја сметам изјавата на господинот Тадиќ. Ние инсистираме УНМИК, кој ако Белград го нема мандатот и легитимитетот тоа да го направи, а го сака, УНМИК мора да ја преземе одговорноста и за тие наши гледишта ќе биде информиран и Советот за безбедност на ОН и верувам дека сето она што го правиме како напор ќе вроди со плод,"

изјави премиерот Владо Бучковски.

Ставот на косовските власти е дека нема објективни можности ова прашање да се реши пред завршувањето на преговорите за конечниот статус на протекторатот. Ова прашање не може да се реши без наша согласност, изјави неодамна советникот за безбедносни прашања на косовскиот премиер Енвер Сопјани. Но, претседателот Црвенковски е сигурен дека тоа ќе се случи пред дефинирањето на конечниот статус на Косово. По средбата со Тадиќ тој изјави:

,,Јас не можам да предвидам дали демаркацијата на границата ќе се случи пред почетокот на преговорите за финалниот статус на Косово, но она во што сум сигурен е дека демаркацијата на границата ќе се случи апсолутно сигурно пред дефинирањето на финалниот статус на Косово."

На средбата Бучковски - Косуми, освен за демаркацијата ќе стане збор и за други важни теми, најави премиерот Бучковски:

,,Сакам да продолжи во конструктивна атмосфера дијалогот меѓу Скопје и Приштина, добредојден е премиерот Косуми и ќе има многу работи да разговараме."
XS
SM
MD
LG