Достапни линкови

Економијата главна тема за македонските граѓани


За седум проценти од популацијата во Македонија мегуетничките односи се главна тема, а за дестпати повеке тоа е економијата. Ова се податоци од последното истражување на тема интеретнички и интраетнички односи спроведено од Институтот за социолошки и политичко правно истражувања. Иако процентот е мал од Инстутот велат дека тој не е за занемарување, бидејки испитаниците како главен виновик ја посочуваат власта.

,,Тоа се наведува од две причини. Една е сигурно затоа што власта секако го има инструментот да ги направи подобри работите и да ги влоши. Но, сигурно дел од одговорите се како резултат на политичките елити,"

изјави Емилија Симовска од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Дека политиката е виновник за евентуалните етничките проблеми посочува аналитичарот Хисен Рамадани:

,,Во политиката имаме луѓе коишто сеуште не се начисто со трајната консталација на општеството во кое живееме. Едни живеат во една климава потреба за заедницата и по разни потреби лансираат тези за несигурност,”

Симовска со апел до политичарите етничките прашања да не ги користат за политички маркетинг

,,Етничноста не би морале да ја користиме каде што не и е местото. Политичкиот маркетинг може да го насочиме на економските проблеми.”
XS
SM
MD
LG